Голем интерес за „Елза , Ана и лошиот пират“

Голем интерес за „Елза , Ана и лошиот пират“

„Елза , Ана и лошиот пират“  е детската претстава што успеа од срце да ги насмее дечињата кои што во придружба на своите родители дојдоа изминатиот викенд во центарот за култура да ја проследат.  Аматерската претстава беше во организација на игротеката Скуби ду.
-Станува збор за детска претстава Елза, Ана и Лошиот пират , за мојата улога јас сум Лошиот пират , инаку не сум толку лош да не се плашат дечињата, но улогата е таква,…

Read More

„Христијан Карпош“ во проект со 38 училишта од светот

„Христијан Карпош“ во проект со 38 училишта од светот

Основното училиште Христијан Карпош од населбата Перо Чичо годинава го спроведува проектот „Ајде да зборуваме англиски“, во кој се вклучени 38 партнер училишта од светот. Проектот е одобрен од Националната агенција за образовни програми и мобилност на Република Македонија. Во рамки на истиот изминативе денови тие имаа посета на делегација од 15-ина ученици и наставници на училиште од Истанбул, Република Турција. Учениците имаа можност заедно да се работат, учат и другаруваат.
-Ученици заедно со нашите работеа…

Read More

Се одржа традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“

Се одржа традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“

Принцези, пеперутки, вештерки, штрумфови, ликови од суперхерои, роботи и слично се само дел од маските кои што учествуваа на денешната манифестацијата маскенбал Батко Ѓорѓија, што се одржа на градскиот плоштад. Маскираните деца и ученици прошетаа низ централните градски улици. Mанифестацијата е во организација на Секторот за култура и Фондацијата за развој на култура и спорт од општина Куманово.
-Традиционално се одржува манифестацијата од 2002 година преку Коледарското здружение а потоа го презема општината под покровителство на…

Read More

„Куманово гас“ бележи позитивно работење

„Куманово гас“ бележи позитивно работење

Јавното претпријатие Куманово-гас има подобрување на финансиското работење. Ова беше истакнато на денешната седница на Советот на општина Куманово, каде беше разгледан извештајот за работа за 2016 и за финансиите за првото тромесечие од тековната година. Истото остварило 5 милиони 415 илјади денари средства од приходи,а расходите изнесуваат пет милиони 965 илјади денари. Советниците од двете коалиции посочија дека е забележлив позитивен тренд, при што се зголемуваат приходите а се намалуваат расходите.
-И двата извештаи кои…

Read More

Игор Југ не е осуден за силување, убиство и дрога

Игор Југ не е осуден за силување, убиство и дрога

Игор Југ никогаш не бил осуден за силување, убиство и дрога по кривичниот законик на Република Македонија, истакнаa денеска од македонското патриотско здружение Владо Георгиев Черноземски. Од здружението посочија дека Дамјан Манчевски и СДС, изнеле куп лаги за нивниот претседател, за кои тврдат дека имаат и судски докази. Тие  бараат Манчевски и партијата јавно да се извинат или во спротивно ќе одговараат пред лицето на правдата. Сметаат дека е нарушен угледот и честа на Игор…

Read More

Унгарскиот амбасадор во посета на општината

Унгарскиот амбасадор во посета на општината

Во посета на општина Куманово денеска беше амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс. Со градоначалникот Зоран Дамјановски покрај за економијата , за политичката криза во државата, разговарале и за статусот на градоначалниците.
-Во последниве три години Унгарија има рапиден раст во однос на стоковата размена со Македонија,така што разговорот одел во насока на продлабочување на економската соработка . Главната тема беше што е Куманово,каква е судбината на локалните проблеми, менаџирањето со општината,мандатите на градоначалниците,политичката криза,видувањата во разрешницат…

Read More

Се асфалтира пат во Четирце

Се асфалтира пат во Четирце

Во рамките на проект од регионален рамномерен развој, општина Куманово отпочна со асфалтирање на пат во должина од 1380 метри во селото Четирце. Вкупниот проект се однесува на патна инфраструктура  во должина од три километри, на територијата на две општини Куманово и Старо Нагоричане. Со реализација на овој проект со асфалтен пат ќе бидат поврзани коридорите 8 и 10 .
-На овој начин создаваме комунација меѓу две или три општини во регионот , проект кој има…

Read More

Пензионерите со претставата „У кафанче карши Станче“

Пензионерите со претставата „У кафанче карши Станче“

Љубителите на театарот синоќа во салата на основното училиште Христијан Карпош, во населбата Перо Чичо, имаа можност да ја проследат претставата У кафанче карши Станче, која што ја изведе драмската секција при Здружението на пензионери. Се работи за музичко кабаретска претстава која е работена по текстот на Новко Петрушевски и Миланка Зафировска, а во режија на Лазар Ѓорѓевиќ.
– Се работи за една група на луѓе кои од некои бриги секојдневија или радости се собираат во…

Read More

Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа претставата „ДР“

Учениците од „Перо Наков“ ја изведоа претставата „ДР“

Претставата „Др“ по текстот на Бранислав Нушиќ синоќа во кумановскиот театар премиерно ја изведоа учениците од драмската секција при средното економско училиште Перо Наков.  Кумановци имаа можност да уживаат во делото кое содржи вонвременски атрибути на комичност. Учениците ги подготвија професорите Александра Георгиевска и Сашо Тодоровски.
-Во претставата се работи за доктор кој е пратен да студира во странство, тоа е всушност друг лик, но ќе се разјасни на крај. Се надеваме на две успешни претстави…

Read More

Ристовска: Во Македонија не владее правото

Ристовска: Во Македонија не владее правото

„Во Македонија  веќе не владеат правото и правдата,  не владее  демократскиот систем, не владе гласот даден на избори.  Вистината што боли е дека Македонија е заземена насила од силна групација која систематски ја уништува само со една цел затворање на македонското прашање , бришење на македонскиот идентитет, преземање на македонската држава и нејзино федерализирање“  потенцираше актерката Вера Ристевска по синоќешниот протестен марш.
Кумановци кои што синоќа се приклучија на маршот што го организира иницијативата „За заедничка…

Read More
1 817 818 819 820 821 926