„Осмокатницата“ на плоштадот ќе добие нов лик

Нов лик наскоро ќе добие  зградата „осмокатница“, која се наоѓа на Градскиот плоштад. Екипа работници од денеска започнаа со обнова на фасадата, која што е во рамки на проектот за енергетска ефикасност. Проектот кој чини 40.000 евра го спроведуваат општина Куманово, организацијата Хабитат и станарите.  Инаку Хабитат овозможува кредит, кој на подолг период треба да го отплатат станарите, а општината учествува со 20 проценти, односно 8.000 евра.
-Денеска отпочнува со работата прозорците се променети и најкасно…

Read More

70 контејнери за селективен отпад доби Куманово

Куманово доби 70 контејнери и корпи наменети за селективно одлагање на смет. На денешната седница беше усвоена предлог одлуката  за отстапување на користење, управување и одржување на садови за собирање на отпад од пакување на јавното претпријатие „ Чистота и зеленило “. Но, освен што советниците се интересираа каде ќе бидат поставени  донираните контејнери, тие дискутираа и за хигиената во градот, односно за нередовното изнесување на смет од екипите на чистота и зеленило поради што…

Read More

Филателистичка изложба во чест на Кирил и Методиј

Во Уметничката галерија синоќа беше отворена филателистичката изложба на доктор Бранислав Светозаревиќ насловена Светите браќа Кирил и Методиј –сесловенските просветители.  Кумановци имаа можност да ја видат колекцијата која што е комбинација од два различни видови збирки кои се во функција на историјата и културата.
-Тука во оваа збирка е напревен избор на материјали кои се стотина години наназад печатени, па до последниве години, со неа сакам да прикажам дека сите држави кои ја негуваат словенската култура…

Read More

Пензионерите го одржаа концертот „Мајски ракувања“

Мајски ракувања е насловен концертот кој  синоќа во Центарот за култура Трајко Прокопиев го одржа Здружението на пензионери. Концертот е по повод 70 години пензионерско организирање, но и во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј. Кумановци имаа можност да уживаат во музичко-сценската точка на културно уметничкото друштво Ѓоко Симоновски.
-Ова претставува една извонредна можност што повеќе пензионери да учиме во работата на културно уметничките секции, да може слободно време да го користат на еден организиран…

Read More

Кајмаковски ја врати надежта за лекување на Александар

25-те илјади евра кои што на српското музичко шоу ги освои македонскиот пејач Даниел Кајмаковски, ќе заминат за операција на 7-годишниот Александар Додевски од Куманово. Александар исто како и неговата 10 годишна сестра боледуваат од цироза на црниот дроб, но кај него болеста многу бргу напредувала и затоа е потребна итна трансплантација. Мајката, Јасмина се надева дека во државата има уште хумани лица како Кајмаковски, кои ќе помогнат нејзините деца да ја надминат оваа болест.
-Ние…

Read More

Одбележана 15 годишнина од конфликтот во 2001

Организацијата на резервни официри на Македонија денеска со трибина одбележа 15 години од воениот конфликт во Македонија од 2001 година и им оддаде почит на загинатите бранители. На трибината која се одржа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ присуствуваа бранители од војната, членови на семејствата на загинатите, припадници на Армијата на Република Македонија, Секторот за внатрешни работи, резервни официри, локалната самоуправа, Советот, Здружението на бранители, политички партии и многу други.  Од Куманово во воениот конфликт…

Read More

Одбележан Денот на пожарникарите

Во противпожарната територијална единица денеска се одбележа Светскиот ден на пожарникарите, 20-ти мај. Командирот на единицата, Деан Илиевски нагласи дека го радува фактот што годинава за разлика од претходната имаат намален број на интервенции, односно 90.
-Вчера имавме една практично показна вежба во детската градинка Ангел Шајче, денеска одлучивме туку  со поранешните колеги и сите субејкти кои се вклучени во противпожарната заштита, да направиме еден скромен коктел. Во однос на пожарите досега имаме намален број во однос на…

Read More

Заврши учебната година за матурантите

Официјално денеска заврши учебната година за матуратите. За разлика од претходните години, овој пат учениците од четврта година не играа квадрил на плоштадот, но дел од нив традиционално со музика и игра си заминаа од училиштето. Директорите на средните училишта на идните академски граѓани им посакаа успех во понатамошниот живот.
-Mожам да кажам дека се помина во најдобар ред според она што беше планирано, од годишната програма на училиштето но и според програмата на Министерството за…

Read More

Промовирани две нови книги

„Холограмска парадигма“ од авторот Jасминка Наумовска и „Засолниште на имагинација“ од Горан Стевчевски се книгите кои што беа промовирани вчеравечер.  Проблемот на човековото функционирање на индивидуално и психолошко ниво,  како и на групно и колективно  е централна тема на книгата.  Идеите изложени во книгата во голем дел произлегуваат од практичната работа со клиентите кои се трудат да избегнат или да достигнат поголемо ниво на зрелост и да го откријат сопствениот идентитет, а еден дел од…

Read More

Деветмина повредени во сообраќајна несреќа

Седумгодишно девојче со тешки телесни повреди е префрлено на клиниката Карил во Скопје, малолетно момче со телесни повреди е задржано во кумановската болница и седум други лица со полесни повреди на кои им била укажана помош, а потоа се пуштени на домашно лекување е билансот од синоќешната сообраќајна несреќа што се случи во Куманово кај спортската сала. Сообраќајката настанала  на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“ и „Григор Прличев “ при судир на два автомобила,шкода и…

Read More
1 877 878 879 880 881 926