„Перо Наков“ освои прво место на „Образовно рандеву“

Учениците од економското училиште Перо Наков минатата недела освоија прво место на Образовното рандеву, за најдобра изведба на претставата Госпоѓа Министерка. Манифестацијата на која учествуваа над 20 училишта од државата, традиционално како и претходните години ја организираше Младинската асоцијација на средни стручни училишта во Македонија. Училиштата имаа можност да се напреваруваат во неколку категории, не само за најдобра драмска изведба, туку и за интервју за работа, јавно говорење, маркетинг план, најдобар бенд,  видео реклама, филм,…

Read More

Ракометарките-шампиони на прием во општината

За ракометарките од основното училиште „Браќа Миладиновци“  кои станаа државни прваци за 2016-та година денеска се организираше прием кај градоначалникот Зоран Дамјановски. Пионерките во придружба на својот професор Милорад Јордановски ги споделија своите впечатоци и искуства од државното првенство со првиот човек на Куманово, кој им се заблагодари што уште еднаш докажале дека Куманово е спортски град.
-Мислам дека треба да продолжите да тренирате ракомет бидејќи покажувате одлични резултати, а ние како локална самоуправа ќе се…

Read More

„ Македонија во Европа- реалност или фикција“

Во пресрет на 9 мај-Денот на Европа Секторот за евроинтеграции при општина Куманово денеска организираше панел дискусија на тема„ Македонија во Европа- реалност  или фикција.Целта на трибината е на јавноста да и се испрати порака дали Македонија е на вистинскиот пат за евроинтеграциите  бидејќи веќе подолг временски период има пречки кои во наредниот период со  политичка волја ќе бидат отстранети и долгоочекуваниот пат на Македонија во евроинтеграциите и во НАТО алијансата ќе биде отворен, рече…

Read More

Утре ќе се одржи 51-та седница на Советот

Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 51-та седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 24 точки.
На дневен ред ќе се најдат кварталниот извештај за извршување на буџетот и проширување на истиот за 2016 година. Потоа ќе следат извештаите за реализација на програмата за развој на спортот, програмски активности од програмата за локален економски развој, информација за начинот на изведување на училишните екскуризии на учениците…

Read More

Се одржа „Отворен ден“ во „Порака наша“

Во просториите на дневниот центар Порака наша  денеска се одржа Отворен ден, на кој посетителите можеа да ги видат рачните изработки и творби кои што ги создале корисниците. Оваа активност е во рамки на проектот Кројачка работилница и работилница за шиење, која ја спроведува центарот заедно со организацијата „Пис кор“.
Корисниците на дневниот центар изминативе три месеци, имаа можност да ги развиваат работните вештини, за да подоцна станат конкурентни на пазарот на трудот. Создадените производи ќе…

Read More

Спасов: „Искористете ја мерката грант за самовработување“

Невработените лица кои што имаат добра бизнис идеја имаат можност до крајот на месецов да аплицираат во агенцијата за вработување за  основање свој сопствен бизнис. Со вториот оглас за  мерката за самовработување е предвиден грант од 200.000 до 350.000 денари неповратни средства од државата за основање на 420 мали бизниси, посочи денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посета на приватна стоматолошка ординација во Куманово основана преку оваа мерка.
-Оваа прилика сакам…

Read More

Ретроспективна изложба на Димитар Стојчевски

Во Уметничката галерија синоќа беше отворена ретроспективната изложба на академскиот уметник Димитар Стојчевски. Кумановци имаа можност да видат 40-ина дела работени во техника масло на платно, акрил, како и цртежи работени во последните четири децении. Изложбата се реализираше во соработка со Градскиот музеј од Крива Паланка. Авторот Стојчевски истакна дека неговата прва изложба во Куманово се одржала во далечната 1974 година.
 
Повеќето од делата на Стојчевски се однесуваат за манастирот Свети Јоаким Осоговски. Тој се стремел…

Read More

Промовирана монографијата „Македонија мојот живот“

Монографијата „Македонија мојот живот“ од Киро Кипроски, посветена на животот и делото на Гојко Јаковлевски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа беше промовирана во Центарот за култура Трајко Прокопиев. Книгата која е отпечатена на 550 страници, со 200 колорит и црно-бели фотографии, има големо значење за историјата на државата. Јаковлевски заедно со Драган Богдановски се иницијаторите и основачите на ВМРО-ДПМНЕ.Тој иако не бил во државата, се вклучил во македонските патриотски здруженија и влијаел врз освестувањето…

Read More

Неасфалтирани улиците „Тошо Ангеловски“ и „Гиго Цветковски“

Градоначалникот Зоран Дамјановски не презема ништо за да го реши проблемот со улиците Тошо Ангеловски-Ѕидар, Гиго Цветковски и дел од Јоско Илиевски, иако тие се наоѓаат на само неколку стотици метри од центарот на градот, обвинија жителите на овие улици, но и членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тие истакнаа Дамјановски ветил дека овој дел ќе биде приоритет и  истите биле ставени во програмата за локалните избори во 2013-та.
-Да ве потсетиме денеска е 23-ти април…

Read More

Гимназијалци најдобри на Државен натпревар

Мартина Радевска, Симона Коцевска и Дамјан Ристевски се учениците од гимназијата Гоце Делчев, кои под менторство на професорката Биљана Коцевска, ги освоија трите први места на 47-от Државен натпревар по руски јазик. Натпреварот кој се одржа минатата сабота на Филолошкиот факултет во Скопје, е во организација на асоцијацијата на наставници по руски јазик, а во соработка со амбасадата на Руската Федерација во Македонија. Професорката Коцевска информираше дека учениците имале можност го покажаат своето знаење во…

Read More
1 882 883 884 885 886 926