Населбата Проевце која се наоѓа на само неколку километри од градот се гуши во смет. Купишта градежен отпад се нафрлани покрај патот кој води кон гробиштата. Несовесните граѓани со цел да ги избегнат давачките наместо во депонија, шутот најчесто во доцните вечерни часови со камиони го фрлаат на оваа локација. Ништо подобра не е ни состојбата во познатата кумановска бања. Надалеку прочуеното бањско лекувалиште тоне во смет, бидејќи никој од надлжените, ниту од приватниот сектор…
Read MoreРотатор
Почнува судењето за случајот во „Диво насеље“’
Во скопскиот Основен суд, утре треба да започне судскиот процес против 29-те обвинети кои биле дел или помагале на вооружена група која на 9-ти и 10-ти мај минатата година во Диво насеље се сури со полицијата во Куманово.
Според обвинителниот акт тие ќе одговараат за кривично дело тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата. Во 28 часовниот вооружен судир, загинаа осуммина припадници на безбедносните сили, а 30 беа повредени.
За наводите во обвинителниот акт кој…
ВМРО-ДПМНЕ: Улицата „ Драган Стопаревиќ“ закана за граѓаните
Локалната самоуправа не презема ништо за да ја подобри безбедноста на улицата Драган Стопаревиќ, која е една од најфреквентните, бидејќи поврзува неколку населби со центарот на градот, истакнаа од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Тие нагласија дека на улицата на која минува голем број луѓе нема простор за движење, бидејќи тротоарот е блокиран од паркираните автомобили, а на другата страна и воопшто нема тротоар, така што пешаците се принудени да се движат на улицата, на…
Read MoreПромовирани десет мерки за подобар живот на младите
Секоја прва и трета недела во месецот младите да користат бесплатен железнички превоз , е една од една од мерките и идеите што ќе го подобрат животот на младата популација во државата беше речено на синоќешната трибина на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ . Според Дарко Костовски од УМС, слична ваква мерка веќе вродила со плод, односно 50.000 млади луѓе досега го користеле железникот превоз секоја трета недела во месецот. Пред присутните беа…
Read MoreНад 1500 бегалци пристигнаа на Табановце
Повеќе од 1500 бегалци меѓу кои и 150 деца пристигнаа со воз денеска напладне на железничката станица Табановце. Премрзнати и истоштени од патот, а пред се од повеќедневната неизвесност дали ќе успеат да заминат кон земјите на ЕУ веднаш се упатуваа да се стоплат во монтажните објекти , а по пат земаа чај и ќебиња.
-Овој воз е малку поголем, тоа е пред се поради големите гужви кои што се сторија на границата помеѓу Грција и…
Граѓаните спроти ЗИК се жалат на проблеми со учениците
Граѓаните кои живеат во сокачето спроти зградата на поранешен ЗИК, се жалат дека постојано имаат проблеми со учениците од гимназијата и техничкото училиште кои посетуваат настава на албански јазик. Тие тврдат дека за време на одморите, учениците доаѓаат пред нивните дворови, вршат нужда, фрлаат смет и создаваат врева. Сопствениците на куќите велат се обиделе на мирен начин да ги решат проблемите, но тоа било безупешно. Неколку пати реагирале кај управите на училиштата, општината, Министерството за образование, па…
Read MoreЖените од ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција
Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ синоќа организираше хуманитарна акција за социјално-загрозени семејства од руралните средини. Граѓанки, членки и симпатизери на паријата имаа можност во партискиот штаб да донираат облека, храна, средства за лична хигиена, играчки за деца и слично. Претседателката на унијата, Емилија Трајковска истакна дека се радуваат што со мал гест ќе предизвикаат насмевка на нечие лице.
-Планирано е да се посетат 4-5 семејства претежно во руралните средини од општина Куманово. Сметаме дека оваа…
25 повредени Бугари кај Опила
Скршеници на клучна коска, на ребра, на пршлени на рбетниот столб и на рамо се повредите со кои се здобиле четворицата бугарски државјани најтешко повредени при синоќешното превртување на бугарскиот автобус на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила. Сите се надвор од животна опасност .Во сообраќајната несреќа полесно се повредени 21 лице, имаат набиеници по телото од различен интензитет, но по укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување, велат надлежните. Бугарските професори …
Read MoreСтечајците најавуваат порадикални мерки
Со протести пред министерствата и владата, блокади на улици и штрајк со глад, стечајците од здружението УНИТ планираат да го искажат својот револт, бидејќи шести пат по ред собранието го одби предлог-законот за нивно обештетување. Законските одредби предвидуваа да се реши статусното прашање на 4.000 граѓани, кои останале без работа по основ на прогласување ликвидација, стечај или технолошки вишок во претпријатија во кои работеле, со тоа што тие ќе се обезбедат со 100 евра месечно…
Read MoreДамјановски: Вработените не го прекршиле законот
Постапката на Секторот за урбанизам е водена според правилникот за издавање на решение за градба и се запазени сите процедури од деталниот урбанистички план, истакна првиот човек на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, откако двајца вработени добија кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење. Дамјановски тврди дека вработените професионално си ја извршиле работата и навремено ги известиле сите засегнати во случајот, па поради тоа нема прекршување на законот. Тој додава дека со ваквите…
Read More