Комунистите оддадоа почит на Тито

Комунистите оддадоа почит на Тито

Денеска се навршуват 35 години од смртта на доживотниот претседател на СФРЈ и лидер на југословенските комунисти Јосип Броз Тито. Членови на Комунистичката партија на Македонија, Титовите леви сили и почитувачите на ликот и делото на Тито во негова чест положија цвеќе на спомен -плочата на градскиот плоштад, со желба не само да се повтори, туку и да се надмине неговото дело.
„Во Титовото време кога живеевме имавме детство, имавме младост, имавме образование, имавме здравство, значи…

Read More

Koj е сопственик на Домот на АРМ?!

Koj е сопственик на Домот на АРМ?!

Кој е надлежен за Домот на АРМ во Куманово, дали со дел од просториите се уште стопанисуваат министерството за земјоделство и Државниот архив или е во прашање некоја друга институција, се обиде да дознае деновиве телевизија Плус. Поаѓајќи од одговорот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, просторот кој пред неколку години го добиле на корисничко право со заклучок на Владата е вратен на Министерството за одбрана.
 „Ние како министерство бараме простор за подрачната единица Куманово…

Read More

ЈП „Водовод“ со загуба од 20 милиони денари

ЈП „Водовод“ со загуба од 20 милиони денари

Јавното претпријатие „Водовод“ минатата година ја заврши со загуба од 20 милиони денари. Советниците од опозицијата сметаат дека и покрај зголемување на приходите и намалување на расходите, претпријатието тоне во загуба. Тие предлагаат без паритиски или какви било други поделби, сите да се заложат и да придонесат за да „Водовод“, кој е од витално значење за граѓаните, застане на нозе.
-Претпријатието се соочува со некои проблеми кои не може само да ги реши, мора да му…

Read More

Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Груевски повторно е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 15-от конгрес на партијата, кој викендов се одржа во Куманово. Со 528 гласа „за“ и едно неважечко ливче, тој доби поддршка уште четири години да ја предводи партијата. Старо-новиот лидер пред присутните најави дека во наредниот период ќе се посвети на намалување на невработеноста и подобрување на економијата.
-Она што сакам да го ветам како нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ, како партија на власт, дека ќе продолжам…

Read More

Гимназијата слави 70 години постоење

Гимназијата слави 70 години постоење

Кумановската Гимназијата одбележа седумдесет години од своето постоење и сто дванаесет години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Пред бистата во училишниот двор цвеќе положија членови на различни политичките партии, претставници на Советот и Општината на Куманово, претставници на основни и средни училишта од градот  и многубројни здруженија. Потоа во холот на училиштето присутните ја проследија ликовната изложба на слики и фотографии изработени од ученици кои за матурскиот испит избрале проектна активност по предметот…

Read More

Започна 15-от конгрес на ВМРО ДПМНЕ

Започна 15-от конгрес на ВМРО ДПМНЕ

„Стабилност, работни места, инвестиции, доверба, перспектива“ е слоганот на 15-от конгрес на ВМРО ДПМНЕ што денеска и утре се одржува во Центарот за култура во Куманово.  На конгресот на кој ќе се избере новиот претседател, кој ќе ја води партијата во наредните четири години, присуствуваа 523 делегати од вкупно најавените 560. Конгресот започна со поздравни писма и честитки од лидери на светските партии, меѓу кои и од претседателот на Европската народна партија, Жозеф Дол.  Инаку…

Read More

Забележителна победа на Куманово против Фени Индустри

Забележителна победа на Куманово против Фени Индустри

Со резултат од 85-76, кошаркарите на Куманово извојуваа забележителна победа против тимот на Фени Индустри.
Без големи напори, домаќините го поразија тимот од Кавадарци и релативно лесно успејаа да запишат два нови бода во домашното првенство по синоќешниот натпревар.
Куманово имаше одлична игра, додека Фени со големи напори се обидуваше да го превземе водството. Разликата се движеше во просек околу десетина поени, но во ниеден случај кумановци не му дозволија на Фени да дојде под пет поени…

Read More

Решението на МОН неприфатливо за средношколците

Решението на МОН неприфатливо за средношколците

По четвртата средба со претставници од средношколскиот пленум, Владата излезе со финален став: екстерно тестирање ќе има, а матурскиот испит ќе се полага по стариот концепт само уште оваа година. Вицепремиерот Владимир Пешевски, упати апел до учениците, директорите и родителите од понеделник да се вратат во училишните клупи бидејќи потребно е да се дополни материјалот којшто е испуштен за време на протестите и бојкотот на средношколците.
 Од наставничкиот пленум информираа дека ваквата одлука не ја поддржуваат….

Read More

Излетничките места се подготвуваат за Први Мај

Излетничките места се подготвуваат за Први Мај

Во тек се последните подготовки на уредување на излетничките места каде ќе заминат граѓаните за претстојните првомајски празници. Во спортско – рекреативниот центар Пелинце со кој стопанисува ЈП „Чистота и зеленило“, исчистени се просторот за кампување и рекрација, исто како и парковите и зеленилото по течението на реката Пчиња. Направени се нови патеки за шетачите и реновиран е детскиот парк, но ресторанот нема да работи поради технички проблеми.Во состав на центарот е и меморијалниот музеј…

Read More

Казна од 200 евра доколку палите оган на отворено

Казна од 200 евра доколку палите оган на отворено

Граѓаните кои ќе палат оган на отворено на 1-ви мај, може да заработат казна од 200 евра, додека пак фрлаат или оставаат отпад на излетничките места ќе добијат казна од 50 евра. Надлежните предупредуваат дека инспекторите ќе вршат контроли на јавните површини и ќе преземаат мерки против сите граѓани, кои што нема да ги почитуваат одредбите од законот за јавна чистота. Од територијалната противпожарна единица повикаа Кумановци да внимаваат при палање на оган на отворено.
-Луѓето кои ќе…

Read More
1 391 392 393 394 395 404