Успешна крводарителска акција на полицијата

Успешна крводарителска акција на полицијата

Во просториите на СВР Куманово денеска се
организираше редовна крводарителска акција за припадниците на кумановската
полиција. Акцијата
ја организира Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со
Институтот за трансфузиона медицина Скопје и општинската организација на
Црвениот Крст.

– Секогаш одлично соработуваме со полициските
станици ширум државата. Во Куманово три пати организираме.  Обично
акциите се успешни и  имаме околу 50-тина дарители, изјави доктор
Ефтим Димитровски од Институтот за трансфуциона медицина

-Акцијата
се спроведува согласно годишниот план, а до крајот на акцијата се очекуваат
околу 60 крвни едници, изјави  Живкица
Чавдаревиќ, портпарол…

Read More

Акции за чистење во приградските населби

Акции за чистење во приградските населби

Јавното
претпријатие „Чистота
и зеленило“ ги повикува граѓаните на Куманово да дадат придонес во
заштитата и зачувувањето на животната средина вклучувајќи се во еко-акцијата
што ќе биде организирана во сабота, во близина на поранешната фабрика Монопол. Станува
збор за четврта акција годинава во која што екипите на комуналното претпријатие
во соработка со месното населние ќе работат на расчистување на шут, наноси од
песок, кал, сечење на гранки и расчистување на некои помали диви депонии.

– Пред три недели повторно ја започнавме таа…

Read More

Реновирана училница во село Љубодраг

Реновирана училница во село Љубодраг

Со сопствени средства на претставници на општинската организација на СДСМ Куманово е реновирана училница во подрачното основно училиште „Христијан Карпош“, во село Љубодраг. Претседателот на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски нагласи дека оваа идеја за решавање на деценискиот проблем со училницата,  произлегла од партиска средба. Тој ја повика опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во ваквите акции кои ќе придонесат за будење на општествената свест кај сите добронамерници, приватни, физички лица да инвестираат, донираат…

Read More

Речиси шест милиони денари доби Центарот за култура

Речиси шест милиони денари доби Центарот за култура

Речиси шест милиони денари доби Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“од
Министерството за култура во рамки на годишната програма.
Предвидени се 24 проекти
од повеќе дејности од национален интерес во културата за 2020. Директорот
на Центарот за култура, Сашо Тодоровски, истакна дека генерално е задоволен од овие средства.

-Генерално
сме задоволни секогаш може подобри и секогаш може повеќе. Очекуваме дека во
текот на годината ќе најдеме наши средства, поддршка од  општината, помош
од некои други организации, со цел да ги реализираме овие…

Read More

Спортските клубови незадоволни од ваучерите на Агенцијата

Спортските клубови незадоволни од ваучерите на Агенцијата

Дел од
спортските клубови од Куманово се незадоволни од ваучерите, средствата кои што им ги одреди
Агенцијата за млади и спорт. Станува збор за финансии од приватните компании, кои наместо
данокот да го плаќаат на државата, ќе бидат ослободени, под услов парите да ги вложат во
спортските клубови.

По распределбата на Агенцијата од Куманово најмногу средства, речиси 12 милиони денари доби кошаркарскиот клуб Куманово. Веднаш зад КК Куманово, е женскиот ракометен клуб кој доби 2 и пол милиони денари, а…

Read More

Околу 4 милиони денари за проектите на Музеј Куманово

Околу 4 милиони денари за проектите на Музеј Куманово

3.965.000 денари предвидува министерството
за култура за националната установа Музеј Куманово во рамките на Годишните
конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020-та
година.

Според предлог програмата која што допрва
ќе оди на усвојување на Управен одбор, со 1,35 милиони денари ќе се реконструира Меморијалниот Центар АСНОМ во Пелинце,
а за издавачка дејност се предвидени 200.000 денари, информира
директорот на кумановскиот музеј, Богдан Таневски.

-За издавачка дејност за оваа година предвидени се два
проекта, Музејски гласник број 12 и Монографија за Трајко Муфтински, наш…

Read More

Комисијата за односи меѓу заедниците со трибина за создавање интеркултурна општина

Комисијата за односи меѓу заедниците со трибина за создавање интеркултурна општина

„Надминување на паралелниот мултикултурализам и создавање на интеркултурна општина во насока на промоција на општествените вредности и важности од соживот“ е насловот на денешната трибина која што ја организираше Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општина Куманово. На оваа тема во салата на поранешен Комитет,  дискутираа претставници на комисијата, општината, советот, експерти и ученици.

Претседателката на комисијата, Татјана Крстевска информираше дека ова е првата активност во рамки на програмата, која предвидува делувања во…

Read More

Епидемиолозите превентивно од коронавирусот

Центарот за јавно здравје од Куманово изминатиов период превзема  активности и мерки за превенција од
коронавирусот. Едукативни предавања, поделба на информативен материјал, епидемиолошки
анкети на патници кои што доаѓаат од загрозеното подрачје на граничните премини
Табановце и Деве Баир се дел од активностите на здрвствените работници од
центарот за јавно здравје.

„Досега нема сомнителни или можни случаи од заболувањето“ , информира епидемиологот  Јадранка Стаменковска.

 -Ние веќе имавме во неколку наврати
активности, да одиме во надзор .  Спрема логаритмите кои се…

Read More

Нов начин на наплата во „Чистота и зеленило“

Нов начин на наплата во „Чистота и зеленило“

Од следниот месец инкасаторите вработени во јавното
претпријатие „Чистота и зеленило“ нема да вршат наплата на терен, туку само ќе
ги доставуваат фактурите до граѓаните. Комуналното претпријатие ќе отвори нови
наплатни центри на неколку локации во градот каде што граѓаните ќе можат да ги
плаќаат своите сметки за ѓубрарина, најави денеска директорот на јавното
претпријатие „Чистота и зеленило“ , Даниел Стојчевски.

-Досегашниот систем за наплата е сменет целосно, имаме
нов софвер за наплата во рамките на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“…

Read More

17 -ти февруари – ден на македонското новинарство

17 -ти февруари – ден на македонското новинарство

Новинарите не се независни, како и медиумите, не се докрај објективни, не
се доволно платени, ниту пак респектирани,  се констатациите на дел од кумановските
новинари говорејќи за Денот на македонското новинарство, 17 февруари. Според
новинарот Светлана Антиќ – Јовчевска, најбитно е новинарите да се не пристрасни
и секогаш да важи новинарското правило, најмалку две страни.

-Тогаш кога се формирало македонското новинарство погледнете кои луѓе го
формирале и како тоа почнало да функционира. Што имаме сега, значи не може да
постои новинарство,…

Read More
1 664 665 666 667 668 920