ВМРО-ДПМНЕ: Залудно се насочува прстот кон други

ВМРО-ДПМНЕ: Залудно се насочува прстот кон други

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го обвини локалниот менаџмент за неодговорност која се гледа на дело и не превземање стратегија околу раководење на локалните јавни претпријатија и услуги кои треба да ги сервесираат кон граѓаните. Од таму потсетија на вчерашниот штрајк на вработените во Чистота и Зеленило, кои не го собираа сметот низ градот поради неисплатени две месечни плати.
-Вработените се крајно изреволтирани од директорот. Тие остануваат на барања и нема да се откажат, се додека не…

Read More

Куманово без Србиновски против МЗТ

Кошаркарите на Куманово во утре ќе се натпреваруваат на гостински терен против составот на МЗТ Скопје Аеродром со почеток во 18 часот, но без својот тренер Марјан Србиновски. Одлуката за суспензија Македонската кошаркарска федерација ја додели за Србиновски поради како што велат недолично однесување на дуелот против Фени Индустри одигран викендов во Кавадарци.
Во записникот на МКФ стои дека Србиновски неспортски се однесувал кон судиите, а ги навредувал и по завршување на мечот, но не стои…

Read More

Спречен шверц на девизи и апарати на ГП Табановце

Спречен шверц на девизи и апарати на ГП Табановце

Во текот на изминатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено биле задржани девизи, сребрен накит, техничка стока, медицинска опрема, делови за мобилни телефони и обувки.
Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, девизи во износ од 8.900 евра биле откриени во два одвоени случаи при личен претрес на тројца македонски државјани, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.
Во првиот случај, при личен претрес на возачот…

Read More

Шумски пожари во липковско

Шумски пожари во липковско

Два пожара ги пустошат шумите во липковскиот регион, а поради непристапниот терен надлежните не се можни да се справат со огнената стихија. Побарана е помош и од Дирекцијата за заштита и спасување.
Едниот пожар кој избувнал на тромеѓето на територијата на Република Косово, Србија и Македонија на потегот кон селото Белановце вчера околу 10 часот наутро преминал на територијата на нашата држава , информираат надлежните. „Шумското стопанство“ веднаш формирало екипи од вработени кои со теренски возила…

Read More

„Чистота и зеленило“ денеска не го изнесе сметот

„Чистота и зеленило“ денеска не го изнесе сметот

Камионите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ утринава не излегоа да го соберат сметот низ градот, поради неисплатени месечни примања. Изреволтирани, вработените не сакаа да работат, ниту да зборуваат пред камера.
Велат дека им доцни платата и дека немаат пари за храна и лекови, побараа веднаш да се реши проблемот во спротивно нема да го собираат сметот.
Попладнево на прес конференција директорот Сашо Петрушевски ги образложи причините за доцнење со месечните примања на своите вработени, а за…

Read More

Се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал 2017“

Се одржа традиционалната манифестација „Маскенбал 2017“

Андреа Георгиевска со маската снежна кралица ја освои првата награда на традиционалната манифестација Маскенбал 2017, која се одржа викендов, а е во организација на Центарот за култура. По одлука на стручното жири, второто место и припадна на Лина Штерјовска, во маска шлаг, а третото на Горо Нешковски, кој беше во лик на суштество од видео играта Мајнкрафт.
Како и секоја година и овој пат беше доделена награда за најиновативна маска насловена мис стоби, на Ања Јовчевска,…

Read More

Промовирана стихозбирката „Боемски блуз“ на Иле Наумов

Промовирана стихозбирката „Боемски блуз“ на Иле Наумов

Боемски блуз е насловот на најновата стихозбирка на кумановскиот автор, Иле Наумов, која викендов беше промовирана во Народниот театар. Тој истакна дека за ова дело инспирација црпел од секојдневните случувања, а веќе работи и на третото дело, но и на збирка за деца, кој до крајот на годината треба да се најде пред љубителите на пишаниот збор.
-Јас сум пресреќен што еве втора моја промоција која ја правам во Куманово, добри и квалитетни луѓе дојдоа на…

Read More

СДСМ: На кумановци им се познати ваквите сценарија

СДСМ: На кумановци им се познати ваквите сценарија

Општинската организација на СДСМ преку соопштение реагираше на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму истакнаа дека на народот му се познати сценаријата кои што ги прават, посебно на овој град.
– Оставете го Куманово на кумановци. Тие во изминатиот период покажаа како се чува и брани мултикултуризмот и соживотот во овој град.  СДСМ го осудува симнувањето на  државното знаме и ги повикува надлежните што поскоро да го решат случајот.  Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се злоупотребува инцидентот со знамето

ВМРО-ДПМНЕ: Да не се злоупотребува инцидентот со знамето

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува вчерашниот инцидент, кога неколку лица, дрско и без почит, го симнаа македонското знаме во центарот на Куманово и поставија знаме на друга држава, истакна на денешната прес конференција претседателот на партијата, Драган Петковски. Тој нагласи дека овој антидржавен чин претставува длабоко кршење на суверенитетот и териториајлниот интегритет на Република Македонија.
-Вчера беше погазено достоинството на граѓаните, беа длабоко повредени чувствата на сите кои ја доживуваат Република Македонија како…

Read More

ТВ Плус две години ги информира кумановци

ТВ Плус две години ги информира кумановци

Веќе цели две години во етерот зрачи телевизија Плус. Граѓаните изминатиов период имаа можност да слушаат точни, навремени, актуелни, објективни и пред се неизвесни информации. На 25-ти март 2015 година за прв пат беше пуштен телевизискиот сигнал за да веќе од први април започне емитувањето на програмската шема.
Граѓаните изминатиов период од Дневникот имаа можност да се слушнаат за поплави, избори, локалните проблеми, инвестиции и изградби, спортски успеси, премиери, концерти и слично.  Покрај Дневникот на кумановци…

Read More
1 815 816 817 818 819 931