Четири основни училишта кои користат нафта како суровина за греење денеска останаа со студени училници, откако залихите со нафта се потрошија. Станува збор за училиштата Вук Караџиќ, Христијан Тодоровски Карпош во населбата Перо Чичо, Бајрам Шабани и Наим Фрашери. Утрово учениците после првиот час беа пуштени дома, а истото се случи и со втората смена.
Од секторот за образование во општина Куманово информираат дека прават натчовечки напори да обезбедат нафта за затоплување на училниците. После…
Вести
Петрушевски: Да утврдиме за која парцела се работи
Директорот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, Сашо Петрушевски истакна дека уште денеска ќе се обратат до надлежните институции за да утврдат точно за која парцела се работи.
Тој посочи дека по геодетско снимање ќе можат да дадат конкретни одговори за прашањето дали јавното претпријатие користи простор кој е во сопственост на Верскиот одбор на Ромите.
-Ако се работи за парцела која е во сопственост на одбор на Роми а ја користи ЈП без знаење или со,…
Субвенциите за стечајците продолжуваат
Стечајните работници од Куманово петта година по ред користат субвенции од локалната самоуправа за сметките за потрошена вода и ѓубрарина, а користат и бесплатен јавен превоз. Околу илјада стечајци треба да ја обноват потребната документација најдоцна до наредната среда, информираат од здружението за стечајни работници „УНИТ“.
-Огромна благодарност до Совет на општината, градоначалникот бидејќи петта година ни овозможува да не плаќаме комуналии и возен билет . При крај е рокот за поднесување документација. Да ги потсетам…
ВМРО-ДПМНЕ: Се злоупотребуваат муслиманските гробишта
Советничката група на коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ го обвини јавното претпријатие Чистота и Зеленило дека врши злоупотреба на сметка на граѓанитe и граѓанските организации. Според нив претпријатието стопанисува со приватно земјиште, кое е во сопственост на Верски одбор на Ромите.
-Земјиштето, кое со намена за муслимански ромски гробишта, јавното претпријатите против-правно го користи за закуп на гробно место на Роми со исламска вероисповед. Инаку земјиштето е купено и е во приватна сопственост…
Хуманитарна акција на здружението „Англунипе“
Неколку социјално загрозени семејства од ромската заедница во населбата „Перо Чичо“ добија хуманитарна помош од невладината организација „Англунипе“ . Иницијаторот и претседател на здружението, Мерџан Демирали посочува дека хуманитарната акција ја реализира во соработка со Ромите во дијаспората. Со паричните средства кои што ги добил, подготвил прехранбени пакети кои завршија во рацете на посиромашните Роми во ова населба. Акцијата продолжува, вели Демирали и во наредниот период, нагласувајќи дека ќе се донира на социјално ранливи категории…
Read MoreКК Куманово без Браун против Карпош Соколи
Кошаркарите на Куманово утревечер со почеток во 19 часот че го одиграат првиот меч од втората фаза во рамките на БИБЛ Лигата и тоа против еден од најтешките противници, Карпош Соколи.
Скопскиот тим влегува каок фаворит во натпреварот, особено ако се земе во предвид лоштио здравствени билтен на избраниците на Србиновски , а пред се на американскиот плејмејкер Јонел Браун кој поради повреда утре ќе остане на клупа.
Ќе пробаме да дадеме максимум, да изиграме максимално што…
Read MoreНамален криминалитетот во 2016 година
За 15,6% е намален криминалитетот во текот на изминатата година на подрачјето на Општина Куманово според извештајот кој денес командирот на Полициската станица од Општа надлежност Игор Митевски го презентираше пред Советот на општината.
Благо покачување се бележи кај регистрирани сообрачајни несреќи и тоа од 0,7% споредбено со 2015 година.
Што се однесува до јавниот ред и мир бележиме зголемување од 4,8% на ниво на 2016 година. Од областа на криминалитетот имаме регистрирани вкупно 1.246 кривични дела…
Read MoreБазенот нема да работи една недела
Градскиот затворен базен нема да работи од утре до осми февруари. Надлежните информираат дека во следните седум денови ќе се врши комплетно чистење на базенот. Станува збор за редовно сервисно одржување кое што по правилата за одржување се прави двапати годишно, вели директорот на јавното претпријатие кое што стопанисува со базенот Сашо Петрушевски.
-Веќе поминаа шест месеци откако работи базенот и ние од први до седми февруари решивме со подизведувачите , со изведувачите и сите оние…
Интензивно се расчистуваат тротоарите
Интензивно се работи на расчистување од мраз на јавно -прометните површини во градот. Надлежните во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ признаваат дека работите на терен одат тешко поради се уште ниските температури, но нивните вработени максимално се трудат да го пробијат мразот на тротоарите, плоштадите и паркинг просторот за да се обезбеди нормално функционирање на граѓаните и возилата.
– Првично после големите минусни температури одлука и интенција е да се расчистат сите јавно- прометни површини кои…
Прекугранична соработка на Старо Нагоричане со Рила
Туристичко- информативен центар ќе се отвора на територијата на општина Старо Нагоричане во рамките на проектот „ Изградба на мост на туризам- спој на заедничко наследство “. Проектот го имплементира општина Старо Нагоричане во партнерство со општина Рила, Република Бугарија, во рамките на Првиот повик од Програмата за прекугранична соработка помеѓу нашата држава и РБ – INTERREG. Туристичкиот центар ќе биде лоциран на местото на поранешниот Задружен дом во селото Младо Нагоричане , кој што…
Read More