Интензивно се расчистуваат тротоарите

Интензивно се работи на расчистување од мраз на јавно -прометните површини во градот. Надлежните во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ признаваат дека работите на терен одат тешко поради се уште ниските температури, но нивните вработени максимално се трудат да го пробијат мразот на тротоарите, плоштадите и паркинг просторот за да се обезбеди нормално функционирање на граѓаните и возилата.
– Првично после големите  минусни температури одлука и интенција е да се расчистат сите јавно- прометни површини кои…

Read More

Прекугранична соработка на Старо Нагоричане со Рила

Туристичко- информативен центар ќе се отвора на територијата на општина Старо Нагоричане во рамките на проектот „ Изградба на мост на туризам- спој на заедничко наследство “. Проектот  го имплементира општина Старо Нагоричане во партнерство со општина Рила, Република Бугарија, во рамките на Првиот повик од Програмата за прекугранична соработка  помеѓу нашата држава и РБ – INTERREG. Туристичкиот центар ќе биде лоциран на местото на поранешниот Задружен дом во селото Младо Нагоричане , кој што…

Read More

Граѓаните се редовни плаќачи на даноците

Три милиона и сто шеесет илјади денари повеќе се собрани во општинската каса минатата година споредбено со 2015-та по основ на разни даноци, комунална такса и останати давачки.  Растот од 2,33 проценти не е голем, велат од Секторот за администрирање приходи, но евидентно е дека  последниве неколку години  континуирано се собираат повеќе пари што значи дека граѓаните фирмите и сите останати таксени и даночни обврзици стануваат посериозни и ги подмируваат навремено своите давачки кон општината.
-По…

Read More

Членовите на Левица го проектираа филмот „Шивачки“

Локалниот огранок на Левица од Куманово вчеравечер во своите партиски простории го проектираше филмот краткометражниот документарен филм „Шивачки“ кој зборува за животот на работничките во текстилната индустрија во Македонија.
Како што вели Никола Крстевски од Левица, законите многу не важат за оваа категорија работнички во државата, а за тоа како што вели се виновни инспекциите, но и слабата синдикатска организираност.

Станува збор за документарен филм каде неколку работнички од текстилната индустрија ја кажуваат својата животна приказна, додека…

Read More

Србите го одбележаа Свети Сава

По 10 пат вчеравечер во кумановскиот Народен театар се одржа традиционалната „Светосавска академија“ по повод националниот празник на Србите во Македонија, Свети Сава.
Настанот беше во организација на Српската заедница во Македонија, а истиот беше збогатен со културно-уметничка програма уметници од земјата и Србија.

Вечерва ние дојдоа веќе гости до Република Србија, од Белград, пејачката на етно музика, Даница Крстиќ, глумецот Момир Брадиќ заедно со Весна Павловиќ, од Скопје ни дојдоа музичари кои што ќе изведат две…

Read More

Проодни се патните правци во општина Старо Нагоричане

Општината Старо Нагоричане  во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи успешно се справува со снежните навеви на патиштата . Асфалтираните патишта ги расчистува фирмата за зимско одржување „Ѓорго комерц “ , а за приодите кон планинските села дополнително се ангажира  механизација од владините институции , информира градоначалникот на општина Старо Нагоричане, Милован Стојковски.
-Во моментов нема не расчистени патни правци на територијата на општината, но зависно од снежните врнежи…

Read More

Коледарскиот клуб организираше крводарителска акција

10 –та по ред крводарителска акција во чест на роденденот на трагично загинатиот Тоше Проески се организираше денеска во просториите на здружението на граѓани „Коледари“. Организаторите очекуваат на оваа акција да се соберат четириесетина единици крв.
-Се надевам дека и другите здруженија ќе покренат вакви акции. Пораката е да даруваме крв за да помогнеме некому, изјави Дарко Доневски, Здружение на граѓани „Коледари“
Надлежните од Институтот за трансфузиона медицина се задоволни од одзивот на дарителите на крв на…

Read More

Одбележан празникот „Свети Сава“ во „Светозар Марковиќ“

Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане денеска го одбележа националниот празник на Србите во Македонија ,  а воедно и училишната слава, Свети Сава.  Присутните имаа можност преку културно уметничка програма подготвена од учениците и наставниците да слушнат и да се потсетат на ликот и делото на Свети Сава. На денешната свеченост во училиштето присуствуваше и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.
-И претходните денови имавме активности, Светосавски турнир во шах организиравме трета година по ред,…

Read More

Поради снегот нередовно се изнесува сметот на „Ѓуро Ѓаковиќ“

Жителите на улицата Ѓуро Ѓаковиќ која се наоѓа во близина на Градскиот пазар, се жалат дека кантите нередовно се празнат, па тие секојдневно се сведоци на грда слика. Велат дека камионот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило кој треба да поминува два дена во текот на неделата, не се појавил дури три седмици. Тие тврдат дека редовно ги надмируваат давачките, за да на крај сметот го разнесуваат кучиња скитници.
-Ги викавме пред три недели едвај дојдоа,…

Read More

Нов оглас за обуки за ИТ вештини

Од денеска во наредните 10 дена сите заинтересирани невработени лица кои имаат дарба и знаење за програмирање ќе можат да се јават на огласот на Агенцијата за вработување на Република Македонија за обуки за напредни ИТ-вештини.
Како што појасни на денешната прес-конференција директорот на АВРМ Влатко Поповски, станува збор за четири видови обуки за програмирање. Првата е Микрософт официјална обука за програмирање во HTML 5 и CSS 3 наменета за веб-дизајнери и веб-програмери. Втората обука Микрософт…

Read More
1 840 841 842 843 844 938