Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие евидентирала две интервенции, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи. Според дневниот билтен на РЦУК, вчера во периодот од 09 до 13 часот пожарникарите гаселе опожарена куќа во село Клечовце. Информациите говорат дека пожарот ја зафатил кровната конструкција на семејниот објект, при што настанала голема материјална штета. Причината за избувнувањето на пожарот, како и висината на настанатата штета допрва же се утврдуваат. Во вториот случај, пожарникарите…
Види повеќеЛокално
ВИДЕО: Се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост
На 3 Декември, светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Во Македонија, правата на лицата со попреченост се заштитени преку:• Закон за социјална заштита, кој обезбедува поддршка, рехабилитација и лична асистенција;• Закон за вработување на лица со попреченост, кој поттикнува инклузивен пазар на труд;• Закон за образование, кој гарантира пристап до инклузивно учење и преку• Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, која е ратификувана и обврзува на недискриминација, пристапност и…
Види повеќеВИДЕО: Сларидис- Јаневска: Општина Куманово е транспарентна и достапна за сите граѓани
Општина Куманово преку повеќе проекти интензивно работи на процесот на транспарентност и достапност на услугите за сите граѓани. Иако веб страницата е достапна за лицата со попреченост, општината веќе аплицирала на повикот од министерството за информатичко општество за изработка на нова веб страница која би била уште подостапна за сите, информира секретарот на Општина Куманово Емилија Сларидис Јаневска. -Еден од проектите е финансиран од Националниот демократски институт во соработка со Владата на Швајцарија и на…
Види повеќеВИДЕО: Промовиран документарниот филм „Три манастирски цркви во кумановско од преродбенскиот период“ од Валентина Андреиќ
Документарниот филм „Три манастирски цркви во кумановско, од преродбенскиот период“ од Валентина Андреиќ, виш кустос – историчар на уметноста во НУ Музеј Куманово беше промовиран вчеравечер во Занаетчискиот дом. Во филмот се опфатени црквите „Св. Ѓорѓи“ во село Бељаковце, „Св. Ѓорѓи“ во Градиште и „Св. Богородица“ од манастирот Забел во Никуљане. Прикажани се архитектонските особености, како и иконописот и фрескоживописот изработени од познати македонски зографи. „Црквите и манастирите се нашето најголемо и најбројно богатство, односно…
Види повеќеГрадоначалникот Димитриевски на средба со успешни гимназијалци
Градоначалникот Максим Димитриевски оствари средба со ученици од втора и трета година од СОУ Гимназија „Гоце Делчев” кои што презентираа идеи од областа на социјални иновации, со кои се претставија на регионалниот Upshift натпревар, кој се одржа во Сараево од 11-14 ноември годинава. Во конкуренција на средношколски тимови од Босна и Херцеговина, Албанија и Хрватска, кумановските гимназијалци беа единственото училиште кое учествуваше со два тима, од кои едниот, тимот Eco Flame се пласираше меѓу најуспешните пет во…
Види повеќеВИДЕО: Расчистена дивата депонија кај поранешниот хотел „Ку-ба“
Целосно е отстранета дивата депонија во околината на поранешниот хотел „Ку-ба“. Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ утрово продолжија со најавените активности за почист и поуреден град. Следните акции за расчистување на мини диви депонии ќе бидат реализирани во Биљановце, во месноста Стари лозја, кај воените магацини и на останати локации, зависно од временските услови, соопшти директорот на комуналното претпријатие Сашо Томиќ. Надлежните апелираат до граѓаните за совесно однесување и заедничко зачувување на јавните површини,…
Види повеќеМалолетник, возач на „априлија“ повреден во сообраќајна незгода
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера попладне во полицијата во Куманово било пријавено дека на ул.„Борис Кидрич“ се случила сообраќајна незгода во која бил повреден малолетник. Според пријавата, незгодата се случила помеѓу патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(25) од Куманово и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки управуван од 14-годишник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од…
Види повеќеПлинска боца предизвикала пожар во стан
Во Секторот за внатрешни работи Куманово вчера попладне било пријавено дека на улицата „Моша Пијаде“ настанал пожар во стан, сопственост на 58-годишен кумановец. Како што соопштија надлежните, пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Куманово. Претходно, за пожарот информираше и Регионалниот центар за управување со кризи во дневниот билтен, во кој како причина за настанатиот пожар се наведува „пукната“ плинска боца, како последица на што…
Види повеќеПронајдени пиротехнички средства во возило на кумановец
Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчера во 12:20 часот полициски службеници лишиле од слобода 58-годишен жител на село Тромеѓа, кумановско. Според СВР Куманово, постапувајќи по претходна пријава, полициските службеници извршија преглед на неговото возило „цитроен берлинго“ на ул.„Бранко Богдански Гуцман“, со кое продавал овошје и зеленчук, при што пронајдоа и одзедоа околу 1.100 разновидни пиротехнички срредства. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена…
Види повеќеВо 2025 година регистриран еден случај на ХИВ во Куманово, 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија
Едно лице од Куманово е новорегистриран случај, позитивен на ХИВ вирусот во текот на 2025 година, заклучно со 27 ноември, а починати кумановци од СИДА нема, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, по повод Светскиот ден за борба против СИДА, 1 Декември. На ниво на државата, годинава пристигнати се пријави за 38 новорегистрирани лица на ХИВ/СИДА во Македонија. Од случаите, најголем дел се со место на живеење во Скопје, останатите се регистрираат како спорадични…
Види повеќе









