Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во синоќешна емисија на национална телевизија најави дека во март 2023 година Владата ќе ја зголеми минималната плата која ќе достигне вредност од 19.600 денари.
Според него, намерата на Владата е двајца членови од семејството да ја покријат месечната потрошувачка кошничка.
Тој дополни дека иако за кратко време минималната плата бележи удвојување, тој лично не е задоволен од лимитот.