Православните верници во земјава денеска го слават Бадник, денот пред Христовото раѓање. Повеќе обичаи и верувања се поврзани со Бадник и Божиќ. Коледарчиња, бадников оган, бадникова вечера се само дел од обичаите кои се практикуваат кај нас. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза.
Последните десет години во Куманово се организира и Бадникова поворка, а денешната беше најмасовна досега. Поворката со дечињата со рачно изработените божиќни ѕвездички тргна од „Соколански парк“ пеејќи ја песната Вечниот бог, најавувајќи го на достоинствен начин Христовото раѓање.

Инаку, за бадникарски пакетчиња пријавени се 450 дечиња.

Повеќе детали за денешната активност на здружението „Бадникови поворки“ од изјавата на Ружица Денковска.