Заврши 15-от детски ликовен камп „АСНОМ“.
Во организација на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ 30 ученици од основни училишта и корисници на дневниот центар „Порака наша“ изминатите три дена твореа на слободна тема во повеќе техники, учеа од менторите и се дружеа во ресторан Грација.
На свеченото затворање на ликовниот камп, кој е под раководство на ликовните педагози Елена Спасовска – Радошевиќ и Симона Јакимовска беа доделени благодарници на сите учесници.