Куманово е домаќин на два меѓународни саеми, деветтото издание на саемот на органски и традиционални производи „Органска трпеза 2026“ и петтото издание на саемот за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агромак 2026“.
Организатори на саемите се здружението „ЖИВОТ“ Куманово и Комората на органски производители на Македонија (КОП).
Од денеска до четврти октомври, над стотина изложувачи и продавачи од Македонија и земји од регионот ќе имаат можност да промовираат производи и услуги, да воспостават деловни контакти, да разменат искуства и знаења во областа на земјоделството, производството на храна, преработувачката индустрија и сродните области.