Делови од населбите Ајдучка чешма и Иго Тричковиќ денеска ќе останат без снабдување со електрична енергија до 15.30 часот, како и неколку фотонапонски централи до 16 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според билтенот, на 18.02.2026 год, во периодот од 22.00 до 02.00 часот е планиран прекин на плоштадот Маршал Тито во објектот на поранешен Тинекс.