На граничниот премин Табановце во два одделни случаи во текот на изминатата седмица биле запленети девизи и гел за нокти.
Како што соопштија од Царинска управа, при личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со автобус за Берлин на излез од државата на граничен премин Табановце пронајдени се седум илјади евра, за кои не поседувал документ за потекло.
– Согласно законските прописи, на патникот му се вратени две илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се задржани, стои во соопштението.
Во друг случај, запленети се 655 парчиња гел за нокти. Против сторителот кој се обидел да ги внесе во државата без да ги пријави и за нив да плати давачки кон државата се води соодветна постапка, информираат од Царинска управа.