Се уште се трага по кумановецот кој што е исчезнат од завчера, информираа утрово надлежните од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според пријавата на таткото, на трети септември годинава, од семејниот дом се оддалечил неговиот син на возраст од 52 години, кој што имал здравствени проблеми.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.