Шеесет и шестгодишна жена од населбата Иго Тричковиќ вчеравечер била пронајдена почината во дворот на нејзиниот дом, по што случајот е пријавен во полицијата, информираа денеска надлежните.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а понаредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на Институт за судска медицина за обдукција. Увид извршила екипа од СВР Куманово.