Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден гаснеле опожарено стрниште на локација покрај автопатот Скопје-Куманово, а нивните колеги од Општина Старо Нагоричане вчеравечер гаснеле опожарена сува трева во селото Сув Орах, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.