Секторот за внатрешни работи Куманово соопшти дека вчеравечер во Полициското одделение Матејче, 42-годишен жител на липковското село Опае пријавил дека неговото патничко моторно возило „бмв“, кое било паркирано во неговото дворно место, било оштетено од заталкано зрно од огнено оружје.
Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.