Уште неколку информации од билтенот на МВР.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 25-годишен жител на село Сопот, кумановско, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово. Според полицијата, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „тико“ и по преземени мерки било констатирано дека возачот го управувал возилото без положен возачки испит. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер околу 22 часот го лишиле од слобода 36-годишен кумановец затоа што физички ја нападнал неговата 34- годишна, невенчана сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.