Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Католичката црква во Македонија, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт – Куманово, вчеравечер во Занаетчиски дом беше промовирана монографија посветена на 25 годишниот јубилеј на епископството на Неговото превозвишенство, Бискупот скопски и Епарх струмичко-скопски монсињор д-р Киро Стојанов, објави Општина Куманово.
„Настанот го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски истакнувајќи ја важноста и улогата на верските заедници во општествениот систем на земјава. Во рамки на промоцијата на книгата публиката имаше можност да проследи и панел дискусија, со наслов: „Христијанските вредности – мост меѓу традицијата и современото живеење. На трибината говореа: директорката на КОВЗРГ, Оливера Трајковска, монсињор д-р Киро Стојанов, отец Гоце Костов и отец Зоран Стојанов, преку чии излагања подетално беa прикажанi делото и мисијата на монсињор Стојанов. Промоцијата беше збогатена со музичка содржина“, пишува во објавата на Општина Куманово.