Со свечена Светосавска академија во Македонскиот народен театар во Скопје се одбележа националниот празник на Србите во земјава – Денот на српскиот просветител Свети Сава. Пред присутните се обратија високи официјални претставници од државата, како и од Србија и од Република Српска.
Академијата ја отвори претседателот на организацискиот одбор на Светосавска академија, Иван Стоиљковиќ, кој истакна дека му чест што по 16-ти пат се одржува манифестацијата посветена на големиот просветител. Тој се надева дека ќе се…
Ротатор
Кошаркарите против Еуро Никел, кошаркарките против Шкупи
Кошаркарките на Куманово утре го играат 12.то коло од домашниот шампионат, а за противник го имаат составот на Шкупи. Мечот ќе се одигра со почеток во 16 часот во спортската сала на „Перо Наков“. Шкупи влегува како апсолутен фаворит во утрешниот меч со оглед дека го држи и првото место на табелата и од десет средби има само еден пораз. Од друга страна кумановки од досега одиграни 10 натпревари бележат две победи. Неколку часа подоцна,…
Read MoreПромоција на филм „Пиротско маало низ времето“
Во Занаетчискиот дом во понеделник со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на документарниот филм „Пиротско маало низ времето“ на Љиљана Тричковиќ, како главен уредник и Марјан Стошевски како помошник уредник.
Промотор на филмот ќе биде Христина Алексовска.
Се повикуваат заинтересираните граѓани да присуствуваат.
ВИДЕО: Обезбедена нова опрема за пожарникарите преку СИПР
Преку североисточниот плански регион обезбедени се нови возила и опрема за пожарникарите од Куманово и Ранковце. Во рамките на проектот предвидена е и делумна санција на дел од објектот во Куманово.
Координаторот на проектот, Владимир Павловски информира дека ќе се изработи и апликација преку која граѓани ќе можат да пријават шумски пожар со точна локација и координати.
ПОВЕЌЕ ВО ВИДЕОТО ПО 18 ЧАСОТ!
Во понеделник нова седница на Советот
Во понеделник со почеток во 10 часот ќе се одржи осумнаесетта седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најдат вкупно 19 точки.
Советниците ќе расправаат за извештај за реализација на програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2022 година, предлог – програма за работа на Советот за оваа тековна година, предлог – решение за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ ,…
Полиција и инспектори во контроли на угостителски објекти
Четири часа по полноќ, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Велес и Тетово, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 185 локации, информира полицијата. Притоа, констатирани се 5 прекршоци за присуство на малолетници по полноќ, и тоа на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР…
Read MoreВИДЕО: Пензионерите негираат дека работеле незаконски, велат „булдожер играчи“ расчистуваат терен за изборите
Раководството на Здружението на пензионери Куманово на денешната прес конференција го негираше тврдењето дека незаконски и неосновано, го зголемиле надоместокот на претседателот, потпретседателот и секретарот. Тие објаснија дека во 2021 година по одлука за утврдување на единствени критериуми добиена од Сојузот, извршиле усогласување на овој надоместок, согласно одлуката од 2012 година. По извесен период, откако дознале дека одлуката не е последна и дека е изменета во 2016-та година, ја поништиле и средствата се вратени.
-На претседателот…
ВИДЕО: Кумановци оценуваат дека клубот нема да ги подобри односите
Според градоначалникот, Максим Димитриевски, Куманово е отворен град за сите, но не и за клубови кои имаат за цел да не навредуваат и негираат. И граѓаните се со став дека отворањето на ваков клуб нема да придонесе за добрососедските односи.
Read MoreВо „СТАВ“ вечерва за студентските права и барања
Претседателката на Универзитетското студентско собрание на ФОН, Мила Петрушевска вечерва гостува во емисијата „СТАВ“.
Таа зборува за правата и барањата на студентите. Ќе се осврне на доцнењето на исплатата на стипендиите, студентскиот оброк, но и за условите во студентските домови, проблемот со јавниот превоз во Скопје, односно неможноста студентите од приватните факултети да користат бесплатно автобус.
Емисијата „СТАВ“ започнува во 20 часот.
Кумановец осомничен за тешка кражба
Триесетгодишен кумановец е осомничен дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во Скопје, информира полицијата. Како што потенцираат, по преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30 години) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. – Со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото, велат од МВР. Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело. По целосно…
Read More