Пронајден кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

Пронајден кумановецот кој беше пријавен за исчезнат

СВР Куманово информира дека вчера по преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од кумановкаската полициска станица пронајден е М.К.(63) од Куманово за кој завчера неговиот син пријави дека се оддалечил од домот, соопштија од СВР Куманово.

Read More

Син физички нападнал мајка

Син физички нападнал мајка

Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода 51-годишен кумановец затоа што во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата мајка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
 

Read More

ВИДЕО: Село Градиште – два дена без струја и со непроодни патишта

ВИДЕО: Село Градиште – два дена без струја и со непроодни патишта

По снежните врнежи од дожд, кумановското село Градиште два дена е без електрична енергија и со завеани патишта за возилата. Надлежните од месната заедница апелирале за побрзо решавање на проблемот, но велат, никој не води грижа за ова село со шеесетина куќи и со шест ученици кои што денеска не следеа настава бидејќи патот до училиштето е непрооден. Од Електодистибуција пак велат дека екипите се на терен и работат на отстранување на дефектот.

Read More

МКК Куманово утре против КК Куманово

МКК Куманово утре против КК Куманово

Љубителите на кошарката во Куманово утре ќе можат да го проследат првото градско кошаркарско дерби меѓу екипите на МКК Куманово и КК Куманово.
Станува збор за натпревар од осмото коло на Втората кошаркарска лига, каде двата кумановски клуба ќе си ги одмерат силите.
Под тренерска палка на Марин Докузовски МКК Куманово сезонава има извонредни резултати и по седум одиграни натпревари е апсолутен лидер во табелата без ниту еден пораз.
Од друга страна, некогашниот вицешампион на Македонија, КК Куманово…

Read More

Кампања „Крени глас против врсничкото насилство”

Кампања „Крени глас против врсничкото насилство”

Општинските основни училишта во Куманово, активно ќе бидат вклучени во едукативната кампања на „Макпетрол” против врсничкото насилство. За таа цел, вчера во Скопје, градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и компанијата „Макпетрол”, која организира работилници на оваа тема во основните училишта во земјава.
Преку работилниците кои се предводени од психотерапевт, проблемот ќе се обработува од различни аспекти, ќе се делат печатени материјали на учениците, стручните служби и на родителите, за да се зголеми…

Read More

ВИДЕО: Мулти култи – катче за младите

ВИДЕО: Мулти култи – катче за младите

Во Куманово пред две ипол години се отвори првиот младински културен центар во државата  согласно Законот за младинско учество и младински политики.  Катчето за млади од сите националности  всушност функционира од 2010-та година како Мулти- култи, кое согласно законските измени прерасна во младински културен центар. Како функционира центарот , која е намената, кои се тековните активности ќе слушнете од Ивана Стојчевска, претставничка на младинскиот центар.

Read More

ЗНАМ со кандидат на претседателските избори

ЗНАМ со кандидат на претседателските избори

Градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новоформираната политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на следните избори кои се очекува да се одржат во мај следната година, најави дека ќе излезат со свој кандидат за претседател, покрај учеството со пратеничка листа на парламентарните избори, очекувајќи сериозна поддршка од сите граѓани во државата, кои се за слога, напредок и просперитет. Политичкиот субјект ЗНАМ потенцира Димитриевски, има намера да биде следниот субјект кој ќе…

Read More

ВИДЕО: Нови бесплатни испитувања за бремените жени во болницата

ВИДЕО: Нови бесплатни испитувања за бремените жени во болницата

Нови лабораториски испитувања за следење на состојбата на плодот за бремените жени, бесплатно се достапни за кумановки во биохемиската лабораторија во општа болница Куманово, информираа надлежните од јавната здравствена установа. Станува збор за интегриран скрининг за откривање за можноста за појава на генетски аномалии кај плодот, само потребен е упат од матичниот или гинеколог од болницата. Испитувањата се спроведуваат преку крв.

Read More

ВИДЕО: Нино Величковски гостува во „СТАВ“

ВИДЕО: Нино Величковски гостува во „СТАВ“

40 години егзистира на сцената, има свој препознатлив начин на интерпретација и стил како пејач и пред сѐ избор на песни и автори.
Бабино девојче, Свирете ми тамбури, Тамбурите на Шојиќ, Кажи ми Лено душо, се само дел од безвременските хитови на естрадниот уметник Нино Величковски со кој што вечерва разговараме во емисијата „СТАВ“.
Четиридецениското успешно опстојување на музичката сцена неодамна беше одбележано со голем концерт во Центарот за култура, кога  Нино доби и специјално признание за…

Read More

ВИДЕО: Никица Јанковски – млад успешен актер од Куманово

ВИДЕО: Никица Јанковски – млад успешен актер од Куманово

Претставата „Љубовна терапија“ на Театар Куманово, по премиерата на меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ и двете репризи кај нас, започнува со своите гостувања низ градовите во земјава.
Дел од актерската екипа во претставата е младиот Никица Јанковски кој веќе успешно плови во актерските води.
За својот талент Јанковски на фестивалот „Малиот принц“ во Штип доби награда за најдобар млад актер.

Read More
1 2 3 4 752