Театар Куманово настапи на летната сцена во Крива Паланка

Театар Куманово настапи на летната сцена во Крива Паланка

Театар Куманово вчеравечер ја изведе детската претстава „Волшебникот од Оз“ на летната сцена во Крива Паланка.
Младата актерска екипа од Театар Куманово ги плени најмладите со одлично одиграните улоги на лавот, плашилото, лошата и добрата вештерка, лимениот дрвосечач, волшебникот од Оз и главниот лик – девојчето Дороти, во најново поставената театарска претстава.
Инаку, Крива Паланка годинава е град на културата за 2024 година и има голем број културни настани.

Read More

Кривична пријава за нотар од Куманово

Кривична пријава за нотар од Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43 -годишна кумановка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу граѓанин на Велес како продавач и две лица од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќи како…

Read More

Нападнат кумановец во село Биљановце

Нападнат кумановец во село Биљановце

Педесет и четиригодишен кумановец пријавил дека вечервечер пред 23 часот бил физички нападнат во селото Биљановце, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот против напаѓачот ќе следува соодветен поднесок, сооптија надлежните.

Read More

Шест интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Шест интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден интервенирале на шест различни локации. Запалена сува трева и слама гаснеле во липковските села Матејче и Лојане, а борова шума  горела кај Спомник Костурница. Пожарникарите интревенирале и во близина на депонијата Краста на запалено стрниште, а на булеварот „Октомвриска револуција“ имале интервенција на отворање на стан, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Read More

Николовски: Со реформски мерки до побрз транспорт и сузбивање на криминалот

Николовски: Со реформски мерки до побрз транспорт и сузбивање на криминалот

Усогласување на работното време на инспекциските служби на граничните премини,  автоматизација на терминалите на граничните премини со грант од ЕУ и негово поврзување со новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички што се имплементира во моментов, како и унапредување на дигитализацијата и поврзување на институциите во рамки на државата, но и на ниво на држави, се трите главни реформски мерки на коишто ќе работи Царинската управа во следниот период. Ова го истакна…

Read More

Шеесет претставки од граѓаните од североистокот до народниот правобранител

Шеесет претставки од граѓаните од североистокот до народниот правобранител

Над 60 претставки во првата половина од годината, поднеле граѓаните од североистокот до канцеларијата на народниот правобранител во Куманово, соопштија денеска оттаму, објави МИА. Најголем процент од поднесените претставки се однесуваат на работата на извршителите, од потрошувачките права.
– Поднесени се 64 претставки. Најголем дел се однесуваат на работата на извршителите, следуваат претставки од областа потрошувачки права, кои се однесуваат на постапувањето на ЕВН и на комуналните претпријатија во општините кои ги покрива канцеларијата на народниот…

Read More

Кумановец физички нападнат од тројца познаници

Кумановец физички нападнат од тројца познаници

36-годишен кумановец синоќа пријавил дека претходната вечер во неговиот дом, поради претходно нерасчистени односи, бил физички нападнат од три лица, кои ги познавал, информираат надлежните. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Read More

Приведени крадци, фатени на дело

Приведени крадци, фатени на дело

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север вчеравечер лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 25 и 29 години.
Тие биле затекнати со уште едно лице при извршување „тешка кражба“ во објект на поранешна, сега напуштена свињарска фарма во с.Речица, кумановско, каде што со алат демонтирале два големи мотори.
Од лицата бил одземен алатот со кој го извршиле делото, а увид на местото извршила екипа од СВР…

Read More

„Рома труба фест“ утревечер на градскиот плоштад

„Рома труба фест“ утревечер на градскиот плоштад

На градскиот плоштад утревечер ќе се одржи 19-то издание на фестивалот „Рома труба фест “ во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“. Ќе настапат повеќе дувачки оркестри од Македонија, Србија и Бугарија, а специјален гост на вечерта ќе биде српската поп пејачка Анабела.
Фестивалот кој ќе започне во 19 часот и 30 минути ќе биде ревијален.
„Рома труба фест “ се одржува под покровителство на министерството за култура и општина Куманово.

Read More

Ќе се отвори Кризен штаб за згрижување на жртвите на насилство

Ќе се отвори Кризен штаб за згрижување на жртвите на насилство

Хуманитарното здружение „Мајка“ е едно од петте невладини организации кое аплицираше на јавниот повик и доби средства од социјалната програма на општина Куманово за отворање на Кризен штаб за згрижување на жртвите на семејно насилство во текот на 48 часа.
Последните речиси две години со поддршка на општината успешно функционира и Советувалиштето за жртвите на родово базирано и семејно насилство. Стручната служба со порака до засегнатите – да бидат храбри,  навремено да ја напуштат насилната средина…

Read More
1 3 4 5 6 7 784