ЈП „Куманово-паркинг “ ќе ја проширува Б зоната

ЈП „Куманово-паркинг “ ќе ја проширува Б зоната

Нови паркинг места со воведување на Б зона на три локации во градот во моментов е приоритет за јавното претпријатие „Куманово -паркинг“, информираа денеска надлежните. Со дополнителните паркинг места, надлежните очекуваат намалување на сообраќајниот метеж особено во централното градско подрачје, а во меѓувреме, како што велат, непречено функционира и пајак службата.
Повеќе детали за Б зоната, за пајак службата, но и за нулта толеранција за непрописно паркирање и неплаќање за паркинг услугите од изјавата на новиот…

Read More

Тешко повреден возач на мотокултиватор во сообраќајна незгода

Тешко повреден возач на мотокултиватор во сообраќајна незгода

26-годишен кумановец е тешко повреден откако со мотокултиватор, од засега непознати причини излетал од патот и удрил во ѕид.
Според Секторот за внатрешни работи Куманово, вчера во 13.40 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 Октомври“ и ул.„Доне Божинов кумановец управувајќи мотокултиватор со кумановски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во ѕид од објект. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од…

Read More

На ГП Табановце запленети 6.850 евра

На ГП Табановце запленети 6.850 евра

Спречен обид за нелегално изнесување на девизи на граничен премин Табановце во износ од 6.850 евра, откако македонски државјанин истите не ги пријавил. Девизите се одземени, а против лицето е поднесена и пријава за девизен прекршок.
Лицето, инаку сопатник во товарно моторно возило и возачот на камионот на прашање на царинските службеници дали имаат нешто за пријавување одговорија дека немаат ништо. Поради сомневање возилото е селектирано на контрола, при што во левиот преден џеб на сопатникот…

Read More

Во тек е целосна реконструкција на ООУ„ Кирил и Методиј“ во Агино село

Во тек е целосна реконструкција на ООУ„ Кирил и Методиј“ во Агино село

Во тек е целосна реконструкција на ООУ„ Кирил и Методиј“ – подрачно училиште Агино село.
Проектот е во реализација на МОН, во соработка со општина Куманово.

Read More

Зголемен бројот на цревни заболувања кај децата

Зголемен бројот на цревни заболувања кај децата

Периодов зголемен е бројот на цревните заболувања, особено кај доенчињата и децата до двегодишна возраст, информираат надлежните од Одделот за детски боелсти во кумановската болница. Лекарите велат, нема причина за паника. Вообичаено е за летните месеци да преовладуваат овие цревни заболувања со симптоми на дијареа, блага температура. Препорачуваат повисок степен на лична хигиена, но и полесна храна, овошје, зеленчук, вода, пробиотици.

Read More

Се гради фекална канализациска мрежа во село Горно Којнаре

Се гради фекална канализациска мрежа во село Горно Којнаре

Почна изградбата на дел од фекална канализациска мрежа во кумановското село Горно Којнаре, информираше градоначалникот на Максим Димитриевски.
Во еден дел од селото веќе има главен вод, информираа денеска жителите кои додаваат дека сега почува изградбата на вториот главен вод.
За изградбата на дел од мрежата, општина Куманово одвои 2.460.300.000 денари. На електронската аукција се пријавиле тринаесет компании. Договорот е склучен со скопска компанија.

Read More

ДЗС: Издадени се 18 одобренија за градба во мај годинава во Куманово

ДЗС: Издадени се 18 одобренија за градба во мај годинава во Куманово

18 одобренија за градба се издадени во Куманово во текот на мај годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број, во 12 случаи како инвеститори се јавуваат физички лица, а останатите се правни лица. Вкупната вредност на инвестициите е 458.078 илјади денари.
Во истиот период на ниво на државата издадени се 260 одобренија за градба, од нив во 141 случај (54.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а 119 (45.8 %) –…

Read More

Општината наплатила околу шеесет отсто од даноците

Општината наплатила околу шеесет отсто од даноците

Граѓаните на Куманово редовно ги подмируваат своите даночни обврски. „Општина Куманово досега има наплатено околу 60 проценти по основ на данок на имот за физички и правни лица, како и за фирмарина“, информира раководителката на Секторот за даноци и такси, Фросина Краљевска, посочувајќи дека се очекува наплатата да биде зголемена до крајот на годината.
Во меѓувреме, се дистрибуираат решенија за данок на имот за годинава, но и опомени за неплатени даночни обврски од страна на правните…

Read More

Изгоре „голф“ кај патарината Романовце

Изгоре „голф“ кај патарината Романовце

Автомобил марка „голф 4“ вчера бил опожарен во близина на наплатната станица кај селото Романовце на автопатот Куманово – Скопје.
Според Регионалниот центар за управување со кризи, гаснењето на опожареното возило траело половина час.
Кумановските пожарникари вчера интервенирале и на опожарена сува трева во населбата Бедиње.

Read More

Голем интерес за детската ликовна работилница во Центарот за култура

Голем интерес за детската ликовна работилница во Центарот за култура

Триесетина деца денеска беа дел од ликовната работилница што ја организираше Центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Ниту топлото време не ги премисли младите таленти можеби и идни академски сликари да дојдат во фоајето на Центарот за култура и својата фантазија креативно да ја претстават на цртеж.
„И оваа работилница, како и претходно реализираните пробуди голем интерес кај децата. Овие се тие работилници кои ги одржуваме веќе неколку години. И на оваа работилница децата сликаа, цртаа цртежи…

Read More
1 4 5 6 7 8 784