Археолози од врвни британски универзитети и годинава го истражуваа локалитетот Костоперска Карпа во близина на селото Младо Нагоричане. Според досегашните истражувања на локалитетот е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки и културен живот. Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот, а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и стаклена паста и бронза.
Освен што националната установа „ Музеј “ има потпишано четиригодишен…
Локално
Дамјановски во посета на Сингелиќ
Градоначалникот Зоран Дамјановски денеска ги посети поплавените жители во населба „Сингелиќ“. При посетата тој достави механизација составена од еден скип, багер, два камиони, пумпа за фекалии и вода, нисковлекачка приколка и возило за превоз на работници.
Утре ќе се донираат средства за дезинфекција. Градоначалникот оствари средба и со неговиот колега, Коце Трајановски со кој извршија консултации во кој дел треба да се интервенира.
Дијабетичари ќе донираат за поплавените
Околу 2.000 дијабетичари од Куманово користат инсулинска терапија. Претседателот на здружението на дијабетичари Стефан Јовановски денеска ги повика членовите наредните неколку денови да донираат дел од својата месечна терапија за граѓаните во поплавените подрачја. Сите заинтересирани граѓани за оваа хуманитарна акција во организација на здружението својата помош може да ја достават во амбулантата за дијабетес во општата болница. Собирањето на помошта ќе трае до вторник.
– Дојдов до идеја како дијабетичар од мојата скромна залиха што…
Поплавените добија помош од кумановци
Емилија Цветковска која два ипол часа се борела со водената стихија во скопско Стајковци денеска во знак на благодарност замина кај семејството Крстиќ да им помогне со чиста и сува облека, хигиенски средства и се она што моментно им е најнеопходно. Оваа помош можеби не може да се спореди со она што Крстиќ го направиле за нашата сограѓанка, но сепак покажува колку големо срце има Емилија и колку голем човек е ако се земе предвид…
Read More„Медиа камп Буверо“ во Старо Нагоричане
Десетина студентки и средношколки од ромската етничка заедница од повеќе градови од државата се едуцираат за развој на професионални вештини од новинарство, фотографија и филм. Обуката во рамките на вториот „Медиа камп Буверо 2016“ е во организација на Фондацијата Ромедиа и Националниот Ромски Центар, а се одржува во комплексот Етно село во општина Старо Нагоричане. Според надлежните , целта е е да се зајакне самодовербата на учесничките, да се обучат, да се олесни нивниот пристап…
Read MoreКрива Паланка жали за загинатите мајка и син во поплавата
10 годишниот Ведран од Крива Паланка со неговиот татко за последен пат ги видоа лицата на неговата мајка и брат. Осумгодишниот Јован и 39 годишната Марина загинаа во страшното невреме во саботата кај скопска обиколница. 10 годишното момче со часови само се борело во матната надојдена вода полна со тиња. Ведран е најмладиот кој се спасил од невремето и е прогласен за херој. Тој на другата страна, сам од се борел и успеал да стигне…
Read MoreЕмилија Цветковска е жената-херој во Куманово
Два ипол часа траела борбата за живот на кумановката Емилија Цветковска која во време на поплавата враќајки се од работа со автомобил се нашла на скопска обиколница. Препуштена сама на себе, пливајќи премрзната низ двометарската студена вода и благодарение на нејзината присебност во хаотичната состојба успела да стигне до првите куќи во Стајковци и да се спаси. На неколу места од обиколница до куќите таа успевала да се фати за возилата попат кои веќе биле…
Read MoreКумановци ќе делат пакети од врата на врата
Претставници на иницијативниот одбор на граѓани за помош на поплавените од Скопје, од утре од врата на врата ќе ги посетуваат настраданите семејства и ќе делат од донираните продукти. Сметаат дека на овој начин луѓето ќе можат побргу да ги добијат потребните продукти.
-Во соработка со Црвениот крст и Кумановски акцијаши веќе имаме една екипа што е на терен. Денеска правиме список на уште две екипи да им помогнеме директно на нашите пријатели и браќа и…
„Крепост“ и „Сума“ собираат помош за Скопје
Хуманитарната организација Крепост во соработка со трговскиот центар Сума денеска и утре организира акција за собирање помош за поплавените семејства во скопскиот регион. Организаторите истакнаа дека се задоволни од досегашниот одзив на граѓаните.
-Акцијата е во три дела првиот е со продажба на маици со логото на Крепост по симболична цена од 200 денари, втората е финансиска кутија и донација за оние луѓе кои не можат да обезбедат прехранбени продукти, кои ние ќе купиме и ќе…
Кумановци се збогуваа од Божиновска
Претставници на семејството, градоначалникот, советници, членови на највисокото раководство на општинската организација на СДСМ, колеги и други, денеска се простија од Жаклина Божиновска, која загина во невремето на обиколницата кај Смилковско езеро. На комеморацијата се обрати Марина Алексовска, координаторката на Форумот на жени на СДСМ, каде што беше дел и Божиновска. Таа истакна дека биле исполнети со неверување, шок, горчина и тага кога ја слушнале жалната вест за ненадејната и трагична смрт.
-Прераното згаснување на нејзиниот…