Ќе се обучуваат млади и жени од руралните средини

„Граѓанско учество во руралните средини“ е насловот на проектот кој денеска беше презентиран во Куманово. Проектот е наменет за млади и жени на возраст од 15 до 24 години,  од различна родова и етничка припадност и за лица со попреченост од Североисточниот плански регион. Целта е тие да стекнат знаење и да го кренат својот глас со конкретни мерки за подигање на свесноста во заедниците и за поголема вклученост во креирање на локалните политики и…

Read More

Поплавена малата црква Св.Петка во Бедиње

Поројните дождови кои изминативе денови го зафатија Куманово, предизвикаа излевање на реката Липковка, која ја поплави малата црква Света Петка во село Бедиње.  Освен дворот целосно е  поплавен и  внатрешниот дел на ова свето место.  Ктиторот, шеесет и седумгодишниот Ацо Величковски кој 12 години ја одржува оваа црква, истакна дека и минатата година врнежите предизвикале поплава, но тогаш водата не била во толкав интензитет.
-Водата по моја проценка некаде 80 сантиметри можеби и повеќе да има….

Read More

Одбележана „Недела на детето“ во „Кочо Рацин“

Со игра и песна учениците од основното училиште Кочо Рацин, утринава го прославија приемот на првачињата во детската организација, но и ја  одбележаа „Неделата на детето“, која трае од 5-ти до 11-ти октомври. Инаку во оваа учебна година во Кочо Рацин се запишани околу 150 првачиња.
-Само што заврши заклетвата на првачиња денеска се сите радосни и родители, првачињата, наставниците. Прием на децата во Детска организација еден момент во животот кој вечно се помни, секоја година…

Read More

Свечена седница на Сојузот на борци

Борци од народноослободителната борба, претставници од армијата, локалната самоуправа, јавни установи и ученици, денеска присуствуваа на свечената седница, која што ја организираше Сојузот на борци од Куманово, по повод претстојниот празник 11-ти октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот.  Пред присутните се обрати секретарот на општинскиот одбор на Сојуз на борци, Благе Јакимовски кој зборуваше за значењето на востанието кое што е кренато против фашистичката окупација.
 -Ние никогаш нема да заборавиме ниту Карпошовото востание…

Read More

СДММ испрати порака до власта

Со симболично поставување на банер на надвозникот на влезот на градот, членовите на Социјалдемократската младина на Македонија од Куманово испратија порака до централната власт поврзана за случувањата на 9-ти мај во населбата Тоде Мендол.
-Му испраќаме порака на премиериот во заминување , Никола Груевски секогаш кога ќе поминува покрај Куманово да се сети каква штета е нанесена на граѓаните. Вистината ќе излезе на виделина. По промената на власта, во април 2016 година граѓаните ќе ги добијат…

Read More

Беџет Елези е нов вд претседател на Основниот суд Куманово

Судијата Беџет Елези е новиот вршител на должност –претседател на Основниот суд Куманово, со одлука на Судскиот совет на РМ. На денешната одржана итна седница, Судскиот совет донел Одлука за времено оддалечување од вршење на судската функција на судија-претседател на основен суд.  Согласно Законот за Судски совет на РМ одржаната седница не е јавна. Елези е поставен за вд претседател на институцијата откако вчера во акцијата „Удар“ досегашниот претседател на основниот суд беше уапсен од…

Read More

Ученици присуствуваа на книжевна работилница

Со  презентација на книгата „Спирко Немирко “ од Ксенија Маказлиева Трајчевска пред учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“ започнаа активностите за одбележување на седумдесет годишниот јубилеј на Градската библиотеката „Тане Георгиевски“. Авторката  на работилницата читаше раскази за деца, а идејата е на интерактивен начин да се развива љубовта кон пишаниот збор уште од најмала возраст.
– Денеска во одделот за деца се одржа работилница наречена „Детска радост. Ученици од вторите одделенија и поголеми во интерактивно комуницирање…

Read More

СДСМ е против промена на името на плоштадот

Општинската организација на СДСМ во моментов е против иницијативата за преименување на плоштадот „Нова Југославија“, во „Плоштад Македонија“, која што ја даде Коалицијата за Подобра Македонија. Тие сметаат дека во овој момент тоа е непотребно и нелогично, со оглед на проблемите со кои се соочува градот. Додаваат дека со ова постои можност припадниците на останатите етнички заедници, следејќи го овој пример, да бараат реименување на одредени улици.
-Немајќи претпоставувам идеа, храброст и можност нешто да сменат…

Read More

Обука за микро и мали претпријатија

Околу петнаесетина претприемачи од североисточниот регион присуствуваа на денешната обука  за ефективна и повторлива продажба и извоз.  Обуката е во рамките на настаните за размена на искуства кои се организирани од  проектот на УСАИД  за микро и мали претпријатија. Предавачите се  искусни менаџери од бизнис заедницата на земјава.
-Поканети се сите микро и мали претпријатија кои што сакаат да растат без разлика на индустријата и без разлика дали се извозни или домашни, профитот тука не прави…

Read More

Уапсен претседателот на Кумановскиот суд

Претседателот на Основиот суд Куманово Муса Сулејмани денеска е уапсен во полициска акција која утринава беше спроведена во Куманово.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, донело наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, кои се приведени во полициската акција во текот на ноќта и утринава се спроведувала во Куманово и Скопје.
Едно од осомничените, најверојатно судијата, ќе се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и…

Read More
1 779 780 781 782 783 803