Вчера со прва доза вакцинирани близу 9 илјади граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а заедно со граѓаните кои ја примиле втората доза, вчера вкупно се аплицирани 15.574 вакцини. Целосно имунизирани, односно со две дози  на вакцина, се 462.192 граѓани, додека заедно со тие што ја примиле само првата доза, во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини.

Министерството за здравство забележува дека и во текот на вчерашниот ден значително е зголемен интересот за вакцинацијаа сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

„Со последните бројки 67% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се вели во соопштението на Министерството.

Коментари

коментар(и)