Целосна дезинфекција и забранети посети во „Зафир Сајто“

Во Домот за стари лица „Зафир Сајто“, во кој се сместени над 150 лица од повеќето градови од државата, деновиве се изврши целосна дезинфекција, како превентивна мерка со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Оваа установа ги забрани и посетите до завршување на мерките изречени од Владата, бидејќи старите лица се во групата најризични категории граѓани.

-Согласно новонастанатата состојба постојано ги следиме сите оние насоки кои што доаѓаат од Владата на Република Северна Македонија, така што ги преземаме сите неопходни мерки, превентивни кои што би значеле заштита на нашите корисници во просториите така што досега на некој начин сум задоволен и се надевам дека сите оние мерки ќе дадат резултат. Како установа заедно со персоналот се реогранизиравме во насока да можеме да обезбедиме еден сигурен престој и доколку е можно да се заштитиме од појава на овој опасен вирус кој што знаеме дека токму старите лица се најзагрозена категорија и затоа мора да направиме се за да ги заштитиме и тие да бидат безбедни во нашата институција. Хигиената е на прво место, ги презедовме сите мерки, набавивме нови дезинфекциони средства дополнителни од оние што ги имаме, за да просториите бидат чисти и да не дозволиме некоја зараза или појава на овој вирус-нагласи директорот на Домот за стари лица Зафир Сајто од Куманово, Дејан Стојановски.

Надлежните упатија апел и до роднините на корисниците на домот, да бидат совести и да ги избегнуваат посетите.

-Наидуваме на некој начин на една нова состојба нашиот дом е од отворен тип, корисниците едноставно имаат навика да излегуваат, да си пазарат, да се дружат на градскиот плоштад, тоа на некој начин се смени за неколку дена, затоа персоналот е тука, постојано разговара им укажува на нашите корисници дека е од непроценливо значење за нив, а и за сите нас, и за нашето здравје, дека е потребно да се придржуваме кон препораките исто така и нивните семејства-дополни директорот.

Инаку во градот се почитуваат мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Затворени се училиштата, градинките, ученичкиот дом Професор Мијалковиќ, градската библиотека Тане Георгиевски, затворениот базен. Угостителските објекти согласно мерките, не примаат посетители, но вршат подготовка на храна која им се нарачува онлајн.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)