„Кумановски акцијаши“ со благодарници за СДСМ и Костовски

Здружението Кумановски акцијаши денеска додели благодарници на СДСМ, како политичка партија и претседателот Мартин Костовски, за успешната соработка минатата година. Претседателот на здружението, Јусуф Љатифи истакна дека нивната поддршка била значајна во акциите кои што ги спровеле.
-Да искажаме благодарност за ангажманот на СДСМ во развојот на областа заштита и унапредување на животната средина. Активности кои тие минатата година ги направија со проектот Моето маало. Воедно сакавме да изразиме благодарност за поддршката на Мартин Костовски кој…

Read More

Пчеларите организираа предавање

Пчеларското здружение Пчела синоќа организираше предавање на тема Пчеларството како занимање и начинот на одгледување кошници. Пред присутните зборуваше магистерот по биотехнички науки, Лев Плужников од Република Србија. Тој го сподели своето знаење, искуството, но и успешноста со пчеларството во неговата држава. Додаде дека селењето на пчелите е значаен процес во ова занимање.
-Би требало и младите пчелари тоа да го прифатат да предизвикаме интерес кај општеството, кое ќе помогне со субвенции но во секој случај…

Read More

Обезбедена нафта за училиштата

Учениците од четирите основни училишта кои што вчера останаа со студени простории утрово се вратија во училишните клупи. Во текот на вчерашниот ден набавена е нафта за затоплување на училиштата за два дена, а денеска се работи на обезбедување на дополнителни количини , информираат надлежните.
– Го надминавме тој проблем во попладневните часови меѓутоа сега се бориме за понеделник и вторник како да обезбедиме за уште тие два дена кои се клучни до отпочнување на испорака…

Read More

Неколку училишта без парно греење

Четири основни училишта кои користат нафта како суровина за греење денеска останаа со студени  училници, откако залихите со нафта се потрошија. Станува збор за училиштата Вук Караџиќ, Христијан Тодоровски Карпош во населбата Перо Чичо, Бајрам Шабани и Наим Фрашери. Утрово учениците после првиот час беа пуштени дома, а истото се случи и со втората смена.
Од секторот за образование во општина Куманово информираат дека прават натчовечки напори да обезбедат нафта за затоплување на училниците. После…

Read More

Петрушевски: Да утврдиме за која парцела се работи

Директорот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило, Сашо Петрушевски истакна дека уште денеска ќе се обратат до надлежните институции за да утврдат точно за која парцела се работи.
Тој посочи дека по геодетско снимање  ќе можат да дадат конкретни одговори за прашањето дали јавното претпријатие користи простор кој е во сопственост на Верскиот одбор на Ромите.
-Ако се работи за парцела која е во сопственост на одбор на Роми а ја користи ЈП без знаење или со,…

Read More

Субвенциите за стечајците продолжуваат

Стечајните работници од Куманово петта година по ред користат субвенции од локалната самоуправа за сметките за потрошена вода и ѓубрарина, а  користат и бесплатен јавен превоз. Околу  илјада  стечајци треба да ја обноват потребната документација најдоцна до наредната среда, информираат од здружението за стечајни работници „УНИТ“.
-Огромна благодарност  до Совет на општината,  градоначалникот  бидејќи  петта година ни овозможува  да не плаќаме комуналии и возен билет . При крај е рокот за поднесување документација. Да ги потсетам…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Се злоупотребуваат муслиманските гробишта

Советничката група на коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ го обвини јавното претпријатие Чистота и Зеленило дека врши злоупотреба на сметка на граѓанитe и граѓанските организации. Според нив претпријатието стопанисува со приватно земјиште, кое е во сопственост на Верски одбор на Ромите.
-Земјиштето, кое со намена за муслимански ромски гробишта, јавното претпријатите против-правно  го користи за закуп на гробно место на Роми со исламска вероисповед. Инаку земјиштето е купено и е во приватна сопственост…

Read More

Хуманитарна акција на здружението „Англунипе“

Неколку социјално загрозени семејства од ромската заедница во населбата „Перо Чичо“  добија хуманитарна помош од невладината организација „Англунипе“ . Иницијаторот и претседател на здружението,  Мерџан Демирали посочува дека хуманитарната акција ја реализира во соработка со Ромите во дијаспората. Со паричните средства кои што ги добил,  подготвил прехранбени пакети кои завршија во рацете на посиромашните Роми во ова населба. Акцијата продолжува, вели Демирали и во наредниот период, нагласувајќи дека ќе се донира на социјално ранливи категории…

Read More

Базенот нема да работи една недела

Базенот нема да работи една недела

Градскиот затворен базен нема да работи од утре до осми февруари. Надлежните информираат дека  во следните седум денови  ќе се врши комплетно чистење на базенот. Станува збор за редовно сервисно одржување кое што по правилата за одржување се прави двапати годишно, вели директорот на јавното претпријатие кое што стопанисува со базенот Сашо Петрушевски.
-Веќе поминаа  шест месеци откако работи базенот и ние од  први  до седми февруари решивме со подизведувачите , со изведувачите и сите оние…

Read More

Интензивно се расчистуваат тротоарите

Интензивно се работи на расчистување од мраз на јавно -прометните површини во градот. Надлежните во јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ признаваат дека работите на терен одат тешко поради се уште ниските температури, но нивните вработени максимално се трудат да го пробијат мразот на тротоарите, плоштадите и паркинг просторот за да се обезбеди нормално функционирање на граѓаните и возилата.
– Првично после големите  минусни температури одлука и интенција е да се расчистат сите јавно- прометни површини кои…

Read More
1 834 835 836 837 838 925