Инвестиции во селото Горно Којнаре

Три улици во вкупна должина од петстотини метри во селото Горно Којнаре ќе бидат поплочени со бекатон. На денешниот старт на проектот на МЦМС „ Акции во заедниците“  воедно беше означено и завршувањето на асфалтирањето на главната улица во селото, со средства на општината.
-Денеска започнува вториот проект поплочување на 3 улици од по 160 метри. Изборот на учиците го направи МЦМС. Првиот проект на општината Куманово беше асфалтирањето на главната артерија во селото Горно Којнаре….

Read More

Се одржа избор на детски мис и мистер

Во фоајето на Центарот за култура Трајко Прокопиев синоќа се одржа државен избор за мис и мистер, на кој се натпреваруваа учесници на возраст од 2 до 12 години. Најмладите имаа можност да се натпреваруваат во титулите избор за мир и мистер за таленти, секојдневен и вечерен стил. Организаторите истакнаа дека манифестацијата ја подготвувале повеќе од две недели.
Жири комисијата ја сочинуваа кустос етнолог Анита Ѓорѓиевска, магистар Александар Рашковиќ и пратставник од фризерското студио Нела.
-Навистина ќе ни…

Read More

Се одржа државен натпревар на млади техничари

Во основното училиште Кочо Рацин денеска се одржа 53-от Државен натпревар на млади техничари и природници, кој го организира Сојузот на здруженија за техничка култура на Македонија, Народна техника. Над 300 ученици имаа можност да ги презентираат своите вештини и знаења во 22 дисциплини, односно астрономија, бродомоделарство, воздухопловно моделарство, градежништво и архитектура, електроника, ракетно моделарство, роботика и автоматика, фото техника и многу други. Претседателот на Сојузот на здруженија за техничка култура, Зоран Тодоровски истакна дека…

Read More

Гимназијалци ја изведоа претставата „Рибарски караници“

Учениците од гимназијата Гоце Делчев синоќа во Народниот театар ја изведоа претставата Рибарски караници,  под менторска палка на професорката Соња Тодоровска. Претставата е напишана според текстот на Карло Голдини, а е во режија на Сара Илиќ. Тодоровска истакна дека учениците ги исполниле нејзините очекувања.
-Тоа е познат текст ние сакавме на свој начин да го преработиме и прикажеме пред кумановската публика. Се надевам дека им се допадна, реакциите на публиката се одлични јас сум задоволна, учениците…

Read More

Дамјановски организираше прием за 8-ми април

По повод 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, денеска ги прими претставниците од ромската заедница.  На средбата тие разговараа за проблемите со кои се соочува оваа популација, а градоначалникот потенцираше дека општината максимално се залага за унапредување на правата и нивна заштита.  Тој нагласи дека последниве 10-тина години има драстична разлика од влијанието кое што го имаат Ромите во општеството. Дамјановски додаде дека најголемата општина во државата, предничи во однос…

Read More

ГРОМ: Да покажеме висока политичка култура

Од досегашните политички превирања најголема штета претрпеле државните институции без разлика дали станува збор за законодавните, судските, здраствените, образовните, спортските смета Граѓанската опција за Македонија, која посочува дека претстојните парламентарни избори се последна шанса да се застане на патот на уривањето на државата. На денешната пресконференција ГРОМ  порача дека граѓаните мора да и помогнат на државата да ги преброди тешкотиите во кои се наоѓа веќе подолг временски период.
ГРОМ смета дека одредени луѓе се борат преку…

Read More

Трибина за положбата на ромите во општеството

Иако делумно е подобрена  положбата на ромската заедница во општеството, па дури и во Куманово, генерално не сум задоволен од она што го имаат ромите бидејќи им следува многу повеќе, рече денеска Мерџан Демирали од инИцијативниот одбор на СДСМ,  по повод светскиот ден на ромите. Евидентни се вработувањата на ромите во државната и локалната администрација , но се надевам дека во наредниот период таа бројка ќе се зголеми, истакна Демирали на трибината организирана под покровителство…

Read More

Учениците од „Панче Пешев“ со бројни награди

Три ученици во категоријата соло пијано од нижото музичко училиште Панче Пешев освоија едно прво и две втори места на четвртиот интернационален меморијал Милош Петровиќ, кој неодамна се одржа во Јагодина, Република Србија.
-Во категоријата соло пијано, двајца ученици беа во Б категорија родени 2003 и еден ученик беше А категорија роден 2005 година. Освоивме една прва награда Емира Муслиу и две втори Едита Муслиу и Марко Насковски. Задоволни сме од работата, која вроди со плод-изјави…

Read More

Демократска сила на Ромите го одбележа 8-ми април

Ромите во Македонија максимално ги уживаат граѓанските, политичките и индивидуалните човекови права и слободи, но се уште не се целосно интегрирани во општеството. Ова беше истакнато на свечената манифестација која се одржа денеска во Центарот за култура Трајко Прокопиев, по повод 8-ми април, Светскиот ден на Ромите, а ја организираше партијата Демократска сила на Ромите. Пред присутните се обрати претседателот на Демократска сила на Ромите во Македонија, Шабан Салиу кој истакна дека состојбата на ромската…

Read More

Тренинг обука на млади волонтери од Куманово

Во организација на здружението  „Кумановски акцијаши“  денеска се одржа тренинг процес  за едукација на првата генерација млади волонтери кои во текот на обуката  ќе бидат запознаени со функционирањето и начинот на организирање на сите меѓународни  релевантни фактори , поаѓајќи од УНИЦЕФ, УНЕСКО, ОБСЕ, како и на дипломатските претставништа кои имаат искуство со областа волонтеризмот. На обуката присуствуваа волонтери од  од 9 до 17 годишна возраст.
-Сега презентација вршат претставници на Советот на млади при американската амбасада…

Read More
1 884 885 886 887 888 926