Ученици од „Професор Мијалковиќ“ со награди во Струга

Ученици кои престојуваат во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ од државниот натпревар „Домијада “ што се одржа во Струга се вратија со повеќе награди и покрај силната конкуренција. Кумановските средношколци се изборија за четири пехари натпреварувајќи се со ученици од сите ученички домови во земјава. Според воспитувачот Дејан Ивановски, годинава за нив е најуспешна. На 23 –та  по ред „Домијада “ освоиле прво место во пинг-понг машка и женска конкуренција, второ место во шах, машки и…

Read More

Подобрена финансиската состојба на ЈП „Пазаришта“

Јавното претпријатие „Пазаришта“ 2014-та година ја заврши со загуба од околу 3,5 милиони денари, додека 2015-та година  ја започна со добивка од 1, 5 милиони денари во првиот квартал.  Исто така и последниот квартал од 2014-та година е зголемен за 900 илјади денари за разлика од претходната. Советниците  на седницата на Советот на Општината Куманово упатија критики за работата на ЈП „Пазаришта“ и препорачаа превземање на мерки за штедење. Дел од нив посочија дека платите…

Read More

Младите го напуштаат село Лопате

Се поголем број на млади го напуштаат село Лопате во потрага по подобар живот. Како доказ за тоа, жителите го наведуваат намалениот број на ученици во основното училиште „Битолски Конгрес“ кој од 700, годинава се спуиштил на 330 ученици на Албански и  Македонски јазик од прво до девето одделение. Азир Азири, еден од наставниците во училиштето, како главна причина за напуштање го наведува недостатокот на услови за прогрес на младите генерации. Тој вели дека на…

Read More

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ засадија 150 садници

Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“, заедно со наставниците по биологија, денеска засадија 150 садници со бела ела. Акцијата насловена како „Садница плус“ за прв пат се спроведува во училиштето, како продолжение на „Ден на дрвото“. Целта на оваа акција, како што велат наставниците, е запознавање на учениците со процесот на засадување на дрвја и нивно одгледување, а воедно и да се запознаат со нивното значење за животната средина. Засадувањето на бела ела се спроведува…

Read More

Се реконструира водоводна и канализациона мрежа во „Тоде Мендол“

Утринава започна реконструкција на водоводната мрежа и канализацијата на двете улички во населбата Тоде Мендол, кои што беа уништени при вооружениот судир пред две недели. За таа намена  ќе бидат издвоени околу 2 ипол милиони денари од буџетот на Општина Куманово. Со тоа се спроведува одлуката на општинскиот кризен штаб што поскоро да се врати нормалниот живот во оваа населба.
-Од денеска е започната реконструкцијата, склучен е договорот добиена е понуда од Водовод и се започнати сите…

Read More

Кумановски планинари го искачија Титов Врв

Околу 22 кумановски планинари од друштвото „Козјак 2013“ зедоа учество на 34-то традиционално искачување на Титов Врв. Планинарите продолжениот  викенд го искористија за искачување на вториот највисок  врв во земјава, кој се наоѓа на  2 747  метри надморска височина. Попатно движејќи се кон Титов врв дел од планинарите  се искачија и на други врвови сместени на Шар Планина. На манифестацијата освен од земјава учествуваа и планинарски друштва од регионот.
-Поголемиот дел се искачуваа по познатата Ваквска…

Read More

Пет брачни двојки се венчаа во Бедиње

Со групна венчавка во црквата „Света Петка“ во населбата Бедиње пет брачни парови од Куманово викендов го кажаа судбоносното ДА пред Бога. Иако долги години од животот поминале заедно, сепак им недостасувала венчавка во црква.
Според отец Антонио Стојковски, причината за венчавањето после толку години повеќето од нив ја гледаат во условите кои биле поинакви кога тие запловиле во брачните води.
-Интересно е тука што човек кој за време на комунизмот бил воено лице, во тоа време…

Read More

Триесетина убоди од крлеж на инфективно

Околу триесетина кумановци побарале помош на инфективното одделение поради убод од крлеж. Пациентите се регистрирани последниве два месеци, а најголем број од нив се населени во рурални подрачја. Од инфектологија информираат дека сеуште нема пријавено каснување од змија, додека претходната година биле хоспитализирани два пациенти каснати од  змии отровници. Одделението од неодамна е снабдено  со доволна количина на серуми од животинско потекло и е подготвено да им излезе во пресрет на пациентите каснати од змија.
–…

Read More

Распишан е конкурсот за престој во Ученичкиот дом

Конкурсот за сместување во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ во Куманово е распишан денеска.  За место може да се пријават нови ученици, но и оние кои досега ги користеле услугите на домот, кој располага со капацитет за сместување на 120 ученици, од прва до четврта година.  За да биде примен ученикот потребно е да се исполнат повеќе услови. Треба да станува збор за редовни ученици запишани во средно училиште по наставен план и програма што ја…

Read More

Град уништи насади во Тромеѓа

Поројните дождови проследени со град кои во недела попладне го зафатија регионот, уништија поголем дел од  насади на земјоделските површини. Најголеми штети претрпеа жителите во селата Тромеѓа, Пчиња и Студена бара. Тие велат дека вакво невреме со град не помнат ни најстарите жители и додаваат дека над 40 отсто од родот е уништен.
-Има доста уништено и жита и се што е садено и во пролетна и во есенска сеидба. Проценка не можеме да кажеме колку…

Read More
1 386 387 388 389 390 406