Средношколците не се откажуваат од своите барања

Средношколците од градот денеска одржаа мирен собир на Градскиот плоштад, преку кој упатија порака дека планираат да продолжат со својата борба за подобро образование. Тие со свои говори ги потсетија надлежните дека бараат да се укине екстерното тестирање, и да се изнајде нов модел кој ќе биде прифатлив за сите засегнати страни, а полагањето на државна матура да остане по стариот модел.
-Ќе се говори за изминатиот циклус на екстерно тестирање за матурантите но и за…

Read More

Мртов маж пронајден во поранешно стрелиште

Безживотно тело на повозрасен, непознат маж, денеска околу 14 часот е пронајдено во близина на надвозникот на мостот на улицата „Доне Божинов“, односно во разурнатата зграда на поранешно стрелиште, кај Спомен Костурница.
Мртвото тело го пронашле момчиња од населбата Средорек, кои веднаш пријавиле во полиција. Според очевидците се работи за лице на околу 60 годишна возраст, кое било облечено во работничка јакна, без обувки на нозете и со засукани ногавици. 
Увид на местото на настанот изврши јавен…

Read More

Вработени кумановци преку Твининг проект на ЕУ

13 кумановски занаетчии се вработија преку твининг проектот поддржан од ЕУ „Поддршка на Агенцијата за вработување за спроведување на активни мерки на пазарот на трудот и услуги“.  Тие  денеска ги добија сертификатите за успешно завршената  5 -месечна обука.  Проектните раководители  сметааат дека е возможно да се развијат и спроведат иновативни активни мерки за вработување заедно со регионалните социјални партнери.
-Во Куманово најдовме одлична соработка со нашите партнери од Центарот за вработува но и со невладината органзиација…

Read More

Изложба на носии и суверини во Старо Нагоричане

Со отворање изложба на носии, сувенири,  украси и фотографии синоќа заврши проектот насловен „Преку традиционалните културни вредности на заедниците до подобар живот на граѓаните на општината старо нагоричане“. Изложбата ја организираше културно-уметничкото друштво „Српски вез“. Проектот  е со цел да се сочува културното наследство на Србите во општината Старо Нагоричане.
-Српскатаз аедница интензивно работи на нови проекти , а  најзначајно е тоа што го оформи огранокот Српски вез во 2015 година и работилница за шиење на…

Read More

Продажни изложби на „Порака наша“

Корисниците на дневниот центар за интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска организираа продажни изложби по повод 14-ти февруари,  Денот на вљубените и Денот на виното. Тие заедно со волонтерите продаваа различни предмети, кои ги изработиле во центарот. Собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за уредување на просторот во кој престојуваат секој ден.
-Имаме разни предмети, како што се тегли, букети, престилки за во кујна, кои може да се користат за складирање разни работи, вреќи за ќеси,…

Read More

Ќе соработуваат паркинг претпријатијата на Куманово и Општина Центар

Јавните  претпријатија „Паркинг“ од Куманово и „Паркинзи“ од Општина Центар денеска потпишаа меморандум за соработка. Целта на меморандумот е да се продлабочи соработката, и на тој начин да се подобри начинот на функционирање  на двете јавни претпријатија, кои се занимаваат со проблематиката околу организирање на паркирањето во Општина Куманово и Општина Центар.
-Нашата соработка е започната пред 2 години заеднички патуваме на разни семинари, обуки што ги имавме досега, настани, денеска ставаме круна на соработката и…

Read More

Нови контејнери во Транзитниот центар Табановце

Нови 1400 бегалци  со потекло од Сирија, Авганистан  и Ирак денеска напладне пристигнаа со воз на железничката станица Табановце. Со секојдневниот наплив на мигранти паралелно се доопремува и Транзитниот центар.  Дополнителни 20-тина  контејнери во наредниот период ќе се постават на Табановце. Според Центарот за управување на кризи, деновиве  се донесени 4 контејнери кои, откако ќе бидат приклучени на електрична енергија, ќе се стават во функција на бегалците. Носењето на нови контејнери предизвика сомнеж дека тие…

Read More

Општината должи пари за претходните локални избори

Општина Куманово е единствената општина во РМ која се уште ги нема исплатено дневниците на сите членови на избирачките одбори кои што ги спроведоа претходните локални избори, обвини денеска Граѓанската опција за Македонија во Куманово. Според ГРОМ,  за да бидат организирани и спроведени фер и демократски избори, локалната самоуправа треба да ги подмири заостанатите долгови.
-Ја повикуваме локалната власт во најкус можен рок да ја подмири оваа своја обврска и на тој начин да даде вистински…

Read More

Без канализација дел од месноста „Гладно поле “

Без канализација, асфалтен пат и улично осветлување се уште живеат жителите на населбата Перо Чичо во стариот дел на месноста Гладно поле. Ветување дека ќе се реши нивниот четиридецениски проблем добиваат пред секои избори, но се останува само на кажаните зборови од надлежните, велат засегнатите кумановци, кои месечно мора да издвојуваат по 1200 денари за цистерна за чистење на јамите.
-Како отфрлени од општеството сме тука, никој не води сметка, доаѓаат пред изборите, сите само ветуваат,…

Read More

Откорнати дрвца на Даштев рид

Украдени се дел од садниците на Даштев рид кои што беа засадени во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ во декември минатата година. Граѓаните кои што живеат во станбените објекти близу градските гробишта кои што ги анкетиравме денеска иако не знаеја за откорнувањето на дрвцата, сепак го осудуваат ваквиот потег. Не знаат зошто некој би украл садници, но единствени се во ставот дека некои несовесни  граѓани наместо да ја заштитуваат , тие ја загрозуваат животната…

Read More
1 693 694 695 696 697 728