Ахмедовски: Средорек ќе добие канализациска мрежа

Ахмедовски: Средорек ќе добие канализациска мрежа

Канализациска мрежа и асфалтирани улици ќе добијат граѓаните на Средорек, најави вчера министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите, Аксел Ахмедовски, при посетата на населеното место. Реконструкцијата ќе започне наскоро зависно од временските услови, можно е и во текот на месецов, вели Ахмедовски.  Средствата се процесуирани преку Министерството за финансии, рече министерот, по што ќе бидат пренасочени кон општината.
-Тоа се средства обезбедени од Владата на РМ  поточно од…

Read More

Отворена изложбата „ Женски приказни “

Отворена изложбата „ Женски приказни “

„Женски приказни “ е насловена изложбата нa ликовниот уметник Андријана Мациев што беше отворена вчеравечер во Уметничката галерија . Изложбата е дел од програмските активности на  Музеј-Куманово, од областа на галериската дејност, поддржана од Министерството за култура на Р. Македонија. Делата од најновиот ликовен циклус  на Мациев се слики работени во техника акрил на платно.
Мациев е родена 1980-та година  во Скопје. Средно образование завршила  во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломирала…

Read More

Деца со посебни потреби го посетија градскиот базен

Деца со посебни потреби го посетија градскиот базен

Корисници на дневниот центар за деца со посебни потреби кој е под Министерството за труд и социјална политика, а се наоѓа во близина на поранешен Чик, денеска го посетија градскиот базен. Посетата е во рамки на активностите по повод 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со попреченост.
-Сакавме да го одбележиме нивниот ден, имаме торта, сокчиња и тие да се дружат со нас. Меѓу децата има многу заинтересирани што сакаат да видат како изгледа базенот, така…

Read More

ВМРО ДПМНЕ ги повикува граѓаните да го ажурираат членството

ВМРО ДПМНЕ ги повикува граѓаните да го ажурираат членството

Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Куманово, Бране Петрушевски денеска на прес-конференција ги повика членовите да аплицираат на Јавниот повик за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември годинава. Кандидатите за членови на Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ потребно е да достават мотивационо писмо и биографија (CV).
-Ги поттикнувам сите оние наши сограѓани кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија, како и оние кои…

Read More

„Крепост “ со хуманитарни акции по повод претстојните празници

„Крепост “ со хуманитарни акции по повод претстојните празници

Повеќе хуманитарни акции по повод Новогодишните и Боќижните празници ќе бидат организирани од хуманитарната организација Крепост која е препознатлива токму по големиот број донации што изминатиот период ги обезбеди за социјално ранливите категории и децата со посебни потреби во Куманово и Старо Нагоричане.
„Крепост“  во соработка со надлежните за посебните паралелки кои што се дел од основното училиште „Браќа Миладиновци “ планира да обезбеди средства за сензорна соба за современ третман на децата со посебни потреби…

Read More

Активот на жени на НСДП утре организира панел дискусија

Активот на жени на НСДП утре организира панел дискусија

По повод 16 дена женски активизам, Активот на жени на општинската организација на Нова социјалдемократска партија ќе организира панел дискусија. Активноста е на иницијатива на претседателката на жени на НСДП Марија Тодососка, претседателката на жени на Либерална партија Јасмина Димовска и претседателката на жени на општинската организација на НСДП во Куманово Маја Насковска.
На панел дискусијата ќе бидат застапени теми во врска со ратификацијата на Истанбулската конвенција, односно ќе се дискутира за видови и форми на…

Read More

Шаховски турнир во чест на новинарот Столе Божиновски

Шаховски турнир во чест на новинарот Столе Божиновски

Годишнината  од смртта на членот на Извршниот одбор на здружението на армиски и полициски ветерани, новинарот Столе Божиновски денеска беше одбележана со организирање турнир во шах во просториите на клубот на ветераните. Како истакнат член на здружението , Столе Божиновски со својата трудољубивост , чесност и активност придонесе  граѓаните на Куманово, но и пошироко да се запознаат со активностите на ова здружение, рече потпретседателот  Љупчо Спасовски.
-Тој придонесе здружението на армиски и полициски ветерани да се…

Read More

Живот на свеќа за семејството Велковски

Живот на свеќа за семејството Велковски

Крпен живот живее четиричленото семејство Велковски. Последниве три недели свеќата е единствениот извор на светлина во домот на 47 годишниот Бране, десет години помладата сопруга Тања и двете малолетни деца, Алексеј и Лана. Столбот на семејството Бране е лице со оштетен вид дури 95 проценти поради што е трајно неспособен за работа. Единствениот месечен приход на ова семејство се паричните средства по основ на трајна туѓа нега во износ од 4300 денари. Со тие пари…

Read More

Борците со историски час го одбележаа Второто заседание на АВНОЈ

Борците со историски час го одбележаа Второто заседание на АВНОЈ

Сојузот на борци од Куманово  денеска по повод некогашниот најголем државен празник во поранешна Југославија, 29 Ноември- Денот на Републиката одржа историски час за значењето на АВНОЈ за македонскиот народ. На овој ден пред 75 години е одржано Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина, кога  се конституира Нова Југославија како федеративна држава со шест републики на пет нации. Одлуките на Второто заседaние на АВНОЈ биле основа за конституирањето на Македонија како посебна држава…

Read More

Душан Секулиќ одржа хуманитарен концерт

Душан Секулиќ одржа хуманитарен концерт

Од класична до поп и рок музика свиреше синоќа светскиот виртуоз на хармоника Душан Секулиќ на хуманитарниот концерт одржан во кумановскиот театар. Ротари и Ротаракт клуб од Куманово го организираа хуманитарниот настан во рамките на Балканската турнеја на Секулиќ  со бендот со цел да се соберат средства за изградба на инклузивно игралиште на градскиот кеј.
-Хуманитарниот  концерт што се одржа вечерва е дел од еден поголем проект „Љубовта не е само збор“  кој што се одвива…

Read More
1 694 695 696 697 698 878