Одбележан патрониот празник на „Перо Наков“

Одбележан патрониот празник на „Перо Наков“

Повеќе реализирани проекти поддржани од министерството за образование и наука, но и меѓународни проекти од програмата Еразмус + го одбележаа изминатото едногодишно работење на средното стручно училиште „Перо Наков“ , кое што денеска одбележува 73 години од смртта на патронот, македонски револуционер. Освен што беше положено цвеќе пред бистатата на „Перо Наков“  во дворот на училиштето, пред гостите беа презентирани и проектите во кои што е вклучено средното училиште.
-Од поважните проекти ќе ги издвојам следниве: …

Read More

„Младинска медиумска писменост“ проект на ДРОМ и ТВ Плус

„Младинска медиумска писменост“ проект на ДРОМ и ТВ Плус

Учениците од средното техничко училиште Наце Буѓони денеска имаа можност да присуствуваат на работилница на тема „Младинска медиумска писменост“ која е во рамки на истоимениот проект кој го спроведува Центарот за ромска заедница Дром, во соработка со телевизија Плус. Проектот има за цел да го зголеми нивото на медиумска писменост кај средношколците во Куманово и да поттикне критичко размислување кај младите со цел самите да станат независни креатори на информации.
-Предвидени се работилници во сите четири…

Read More

Ќе се подобрува квалитетот на предучилишното образование

Ќе се подобрува квалитетот на предучилишното образование

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“  во соработка со Општина Куманово денеска презентираше иницијатива на Европската комисија која ги одразува заложбите на земјите членки за подобрување на квалитетот и опфатот во предучилишното образование, воспитание и згрижување. Активноста е во рамките на едногодишниот проект насловен „Зајакнување на улогата на граѓанското општество во осигурувањето рамноправност и квалитет  во предучилишното образование, воспитание и згрижување“. Со оглед на тоа што општиот опфат на децата во предучилишното…

Read More

БДА компани- препознатлив бренд во месната индустрија

БДА компани- препознатлив бренд во месната индустрија

Стотина компании веќе ги користат услугите на првата приватна акредитирана лабораторија за микробиолoгија и паразитологија на компанијата БДА во Куманово. Лабораторијата работи по најсовремените светски стандарди , која дава високо професионални резултати, со вкупно 19 методи за испитување. Кланица БДА компани како една од најреномираните стопански субјекти во градот и државата за долгогодишно успешно работење во областа на месната индустрија, преку производството и пласирање на свежо месо и преработки на месо и месни производи ,…

Read More

Вонредна седница на Советот, побара ВМРО-ДПМНЕ

Вонредна седница на Советот, побара ВМРО-ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово доставило иницијатива до претседателката на Советот на Општина Куманово за свикување Вонредна седница на Советот, со една точка на дневниот ред: „Преземање на итни мерки и активности за заштита на граѓаните во општина Куманово од екстремно високата загаденост на амбиенталниот воздух со PM10 честички“.
-Сведоци сме дека во последните 13 дена нивото на концентрација на PM 10 честичките во амбиенталниот воздух во Куманово постојано се движи во интервал од ВИСОКА до…

Read More

Ќе се казнуваат загадувачите на животната средина

Ќе се казнуваат загадувачите на животната средина

Секторот за инспекциски надзор при општината, по барање на граѓаните, ќе работи и во сабота и недела, информираше испекторот за животна средина Бобан Бојковски. Тој наведе дека на овој начин, со интензивирана контрола, но и во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе се обидат да ги спречат несовесните граѓани да ја загадуваат околината. Воедно апелираше до кумановци,  да пријавуваат на телефонскиот број на полицијата, секогаш кога ќе забележат дека несовесни лица ги кршат законите…

Read More

Доделени Ноемвриските награди

Доделени Ноемвриските награди

Борис Секирарски, Марјан Стошевски, Страхил Петровски, Горан Илиќ, Реџеп Реџеповски, Фадиљ Маличи и компанијата БДА на вчерашната свечена седница го добија највисокото признание кое што општината го доделува во чест на празникот на градот – Ноемвриска награда. Ж
За постигнати успеси во областа на метеорологијата кои се верифицирани од стручни лица од светски ранг за што има добиено многубројни награди и признанија во државава и во странство, а особено за неговите иновациски откритија во оваа област,…

Read More

Свечена седница за празникот на градот

Свечена седница за празникот на градот

Свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Куманово,  11 –ти Ноември вчера се одржа во центарот за култура на која беа доделени Ноемвриските награди , признанијата, а евроамбасадорот Самуел Жбогар како почесен граѓанин на Куманово симболично го доби клучот од влезната врата на градот.
„Наша задача и приоритет како политичари и креатори на општествените текови мора да биде иднината на нашите деца. Европските вредности и стандардите за кои сонува секој млад човек да бидат применети…

Read More

Одбележан 11-ти ноември на Спомен Костурница

Одбележан 11-ти ноември на Спомен Костурница

Со положување свежо цвеќе на Спомен Костурница се одбележа 74 годишнина од ослободување на градот.  Пред споменикот на хероите од НОБ, цвеќе положија делегации од општината,  Армијата, Владата, Собранието на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка борба, Советот на општина Куманово, Здружението на армиски и полициски ветерани, невладини здруженија, училишта и бројни граѓани.  Во кумановско, во борбата против фашизмот учествувале над 2.000 борци од кои 455 загинале, а…

Read More

ООУ „Бајрам Шабани“ приклучено на гас

ООУ „Бајрам Шабани“ приклучено на гас

И основното училиште „Бајрам Шабани“ се приклучи на гасификационата мрежа во Куманово. Од оваа грејна сезона, училниците ќе се затоплуваат на гас. Надлежните сметаат дека со греењето на гас ќе се подобрат условите за квалитетно одвивање на наставата.
– Со воведувањето на гасот училиштето ќе заштеди средства за греење кои претходно ги издвојувало за нафта, а со тоа ќе се подобри и успешното работење и на учениците и на вработените, изјави Мустафа Ебиби, директор на ООУ…

Read More
1 697 698 699 700 701 878