Младинскиот центар MултиКулти, четврта година по ред организира Недела на млади – цела недела исполнета со најразлични активности и настани, која завршува на 12 Август – Меѓународниот ден на младите.
Дел од активностите веќе се реализирани, а следуваат летни водени игри и младински разговори, информира Јована Лазаревска од Младинскиот центар МултиКулти.
ПРОГРАМА:
5 август: Креативна работилница за цртање, со нашата волонтерка Мила Смиљковиќ | 19 часот | MultiКулти
6 август: Младински филмски маратон #1 | 20 часот | Училиштен двор на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“ (игралиште)
7 август: Младински филмски маратон #2 | 20 часот | Училиштен двор на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“ (игралиште)
8 август: Младински филмски маратон #3 | 20 часот | Училиштен двор на ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Крсте Мисирков“ (игралиште)
10 август: Youth Social Night | 19 часот | Кафе бар Дуња
11 август: Летни водени игри | 11-15 часот | Базен Гарден – Куманово
12 август: Меѓународен ден на младите – Младински разговори | 19 часот | MultiКулти