Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера во 12.09 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на с. Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 42-годишен кумановец, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во нашата земја и кое се подготвувале за денешната велосипедска трка.
„Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово“, соопштија надлежните.