Денеска повторно гореше дел од депонијата Краста. Пожарот е изгаснат за два ипол час, информираше директорот на јавното претприајтие „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски.
Според него, станува збор за самозапалување на депонијата, а во гаснењето освен еклипи на комуналното претпријатие, помогнале и приватни компании.