Советот на Општина Куманово на 5 октомври 2026 година ќе одржи редовна седница со предложени шест точки на дневниот ред. Советниците ќе имаат можност да дискутираат за предлог – одлуката за давање согласност на барањето на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 10 (десет) работници по пат на отстапување преку агенција за привремени вработувања за период до една година; за предлог – одлука за давање согласност за формирање на паралелки со под 20 ученици и комбинирани паралелки во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година; како и предлог – одлука за давање согласност за прифаќање на донација на движни ствари на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово.
На дневен ред ќе бидат и предлог – одлука за пренесување на правото на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово; предлог – одлука за усвојување на Извештај-Елаборат за проценета висина на штети причинети од природни непогоди и други несреќи на територија на Општина Куманово во 2025 година;
предлог – одлука за објавување на Jавен повик бр. 05-а/26 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управен одбор на јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ – Куманово.
Седницата е со почеток во 09 часот.
Директен пренос на програмата на ТВ Плус.