Ќе се огради транзитниот центар за бегалците

Да се огради транзитниот центар за бегалците, да се постави управител на кампот за да има контрола над влегување и излегување од него,  да се воспостави целосна контрола од страна на комуналната инспекциска служба и Агенцијата за храна на теренот кога станува збор за донирање на прехранбени производи, да се воспостави единствен центар за донирање на облека  со седиште  во Куманово  или  во Скопје каде што  сите хумани  граѓани и активисти  ќе донираат облека и…

Read More

Полицијата со почести патроли во Соколана

Зголемени безбедносни мерки, осветлување и одржување на постоечките објекти побараа претставниците од училиштата „Браќа Миладиновци“,„Крсте Мисирков“,„Наце Буѓони“ и интернатот „Професор Мијалковиќ“. Тие пред надлежните од секторот за образование и полициските службеници ги посочија  проблемите кои ги создаваат несовесните граѓани однесувајќи се насилнички и уништувајќи го просторот. Беше побарано поставување на асфалт  од интернатот до спортското игралиште и изградба на стаза која ќе го поврзува соколанскиот парк со атлетскиот полигон.
– Се договоривме да преземеме поконкретни активности…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски не ги исполни ветувањата

 
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски не сака да даде одговор на бројните прашања на граѓаните за релизација на ветените проекти. Тој избра да се сокрие зад младите од неговата партија, пуштајќи ги да изнесуваат лаги, истакна на денешната прес-конференција, Бране Петрушевски, член на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.  Тој со видео материјал потсети дека градоначалникот за време на предизборната кампања за локалните избори во 2013 година, ветил  современа урбанизирана технолошко-индустриска развојна зона во атарот на…

Read More

Протестот во Режановце засега во мирување

Протестот во село Режановце овие денови е ставен во мирување,  бидејќи мештаните добиле ветување дека надлежните ќе го санираат мостот и ќе ја довршат канализационата мрежа. Ова беше нивното барање, а во спротивно најавуваа дека ќе продолжат со протести да ги запираат градежните работи, односно реконструкцијата на делницата Куманово-Бељаковце, којашто е дел од проектот Железнички Коридор 9.
Претседателот на месната заедница на Режановце, Зоран Крстевски соопшти дека санацијата е во тек, но дека треба да постигнат…

Read More

Се реши статусот на вработените во „Житомел“

Наскоро ќе се реши статусот со долгогодишниот проблем на 40-ина поранешни вработени во Житомел. Имено по судска одлука, тие ќе добијат отказни решенија од фирмата, што значи дека ќе можат да се пријават во Агенцијата за вработување, како и да поднесат барање за прогласување на технолошки вишок. Тие со години седеа дома, бидејќи недефинираниот статус не им дозволуваше да засноваат друг работен однос. Се водеа како вработени, а не земаа плата, ниту пак имаа право…

Read More

Во Режановце се прослави Св. Јован Отсечен

Со црковен-народен собир утринава во село Режановце се славеше селската слава Свети Јован Крстител Отсечен. На чествувањето на празникот присуствуваа верници од градот и околината, кои запалија свеќи и се помолија за здравје и благосостојба на најмилите. Во црквата се одржа света литургија која ја водеа свештеници од кумановско-осоговската епархија.
Според осумдесет и двегодишниот Душко Николовски, жител на оваа село и учесник во изградбата на црквата, од година во година се повеќе се намалува бројот на…

Read More

СДСМ: Куманово целосно заборавено од власта

Додека локалната власт се обидува на секаков начин да излезе во пресрет на потребите на граѓаните, исклучиво со сопствени средства, Куманово целосно е заборавено од централната власт на Никола Груевски, рече на денешната пресконференција Сашо Тодоровски, портпарол на Социјалдемократскиот сојуз.
-Дополнителен доказ за тоа се низата нереализирани проекти коишто ВМРО-ДПМНЕ ги вети на граѓаните, како на пример, реконструкција на автопатската делница Куманово-Миладиновци, експресен пат Куманово Деве Баир, реконструкција на далноводот Скопје -Куманово, спортска сала во основно…

Read More

Инфо- ден за невладини организации

Македонскиот центар за европско образование објави повик  за мали локални иницијативи на невладините организации кои постојат најмалку две години низ целата држава. Проектот е за трансфер на знаењата за политиките на Европската Унија за намалување на разликите меѓу граѓанските организации. Во просториите на Мулти Култи во Куманово денеска се одржа седмиот Инфо ден во организација на центарот. Присутните беа информирани дека локалните иницијативи може да се однесуваат на три тематски области, судството и темелните права,…

Read More

Граѓаните сè повеќе се свесни за своите права

Граѓаните во шесте општини од Североисточниот регион годинава најповеќе се жалеле на повреда на правото од областа на социјалната заштита и сигурност, на второ место е правосудството, а потоа следуваат повреда на правото во областа на финансиите и царината. Насер Весељи, заменик народниот правобранител вели дека годинава бројот на поднесени претставки до канцеларијата во Куманово е речиси ист како и минатата година.
-До вчера имаме вкупно поднесено претставки од граѓаните 220, од кои за 177 е…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ : Дамјановски ги излажа жителите на Проевце

„Зоран Дамјановски е градоначалник кој не ги остварува своите ветувања и кој не стои на својот даден збор пред граѓаните, за него граѓаните на Куманово постојат неколку месеци пред изборите кога му требаат гласови“, беше речено на денешната пресконференција на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во с.Проевце. Оттаму додаваат дека  градот се дави во проблеми и кумановци се соочуваат со голем број на нерешени барања, а градоначалникот не ги реализира дадените ветувања.
-Населбата Проевце е еден од…

Read More
1 784 785 786 787 788 802