Во Куманово ќе се собираат потписи за лицата со попреченост

Во Куманово ќе се собираат потписи за лицата со попреченост

Од утре до петок од 11:55 до 17  часот на Градскиот плоштад ќе биде отворена книга за собирање на потписи за законските измени и подзаконските акти како и правилници кои се однесуваат на лицата со попреченост и нивните семејства.
Од Здружнието Инклузива апелираат кумановци да дојдат и да ја дадат својата поддршка за подобра иднина и достоинствен живот на лицата со попреченост и нивните семејства.

Read More

ЖРК Куманово со победа над ЖРК Пелистер

ЖРК Куманово со победа над ЖРК Пелистер

Женскиот ракометен клуб од Куманово одигра лесен натпревар на гостински терен против екипата на ЖРК Пелистер од Битола.
Домашните ракометарки беа торпедирани од сите страни особено во првото полувреме каде што максималното водство на гостинскиот тим изнесуваше 12 голови разлика, а веќе на полувреме се замина со резултат 7:19. Нападот и одбраната функционираа скоро без грешки. Второто полувреме кумановки го изиграа рутински и со 30% од својата сила. Натпреварот заврши со резултат 25:34.
Тимскиот дух беше на…

Read More

Протест со порака за избори

Протест со порака за избори

Граѓаните и вчеравечер се приклучија на маршот, кој го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие и овојпат ги повторија барањата за зачувување на унитарниот карактер на државата и целосно отфрлање на тиранската платформа.
Граѓаните го почнаа маршот од реонскиот пазар на булеварот „Октомвриска револуција“, потоа поминаа низ централните градски улици, од каде пристигнаа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Кумановци бараат да не се промени Уставот и она што ја чини суштината на државата,…

Read More

Одбележан Денот на планетата Земја

Одбележан Денот на планетата Земја

По повод Светскиот ден на планетата Земја , здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“ денеска  организираше  еколошка акција на Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ. Ова е само една од низата акции кои што се планира да се реализираат на истата локација со цел да се вратат сјатот  и функцијата на комплексот, не само како историски споменик на вековната борба на оваа земја за слобода, туку и како рекреативно излетничко место, кое со…

Read More

Хуманитарна акција за деца во руралните средини

Хуманитарна акција за деца во руралните средини

Под мотото „Помагајќи им на другите си помагаме себеси“ , денеска беше организирана уште една од низата хуманитарни акции на „Крепост “во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Куманово. Акцијата за собирање на финансиски донации, прехранбени продукти , средства за лична хигиена и облека за дечиња до 12 годишна возраст траеше три часа.
-Во соработка со хуманитарната организација„ Крепост“ организираме собирна акција за помош за деца од рурални средини.  Одзивот е голем, акцијата трае…

Read More

Граѓаните кажаа „не“ за тиранската плаформа

Граѓаните кажаа „не“ за тиранската плаформа

Кумановци и синоќа се приклучија на маршот што го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„.Овој пат,граѓаните тргнаа од кај Соколански парк,поминаа низ централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Граѓаните бараат да се заштити унитарниот карактер на државата и целосно да се отфрли„тиранската платформа“.Велат дека нема да дозволат менување на химната,знамето на државата,ниту пак да се воведе двојазичност на територијата на целата држава.
Кумановци велат дека ќе продолжат со…

Read More

Кокино-најпосетено туристичко место

Кокино-најпосетено туристичко место

Мегалитската опсераваторија Кокино е најпосетено туристичко место во кумановскиот регион последнава деценија. Иако националната установа Музеј се уште не располага со конкретна бројка , надлежните сметаат дека овој локалитет годишно го посетуваат неколку илјади туристи.
– Потребно е да се постави билетара која што би била контрола на протокот на туристи , меѓутоа слободна проценка е од средствата кои што се уплатени , но многу повеќе од луѓето кои што доаѓаат самоиницијативно во контакт со чуварите…

Read More

Ниска свест за сообраќајна култура во градот

Ниска свест за сообраќајна култура во градот

Непрописно паркирани возила секојдневно создаваат  сообраќаен метеж  во централното подрачје на Куманово. Иако веќе пет години функционира зонското паркирање и има определено  500 паркинг места во зона А, голем број од нив се празни, бидејќи возачите практикуваат со вклучени трепкачи да ги оставаат возилата на тротоарите, коловозните ленти или пак на зелените површини  и на тој начин да го блокираат сообраќајот. Надлежните од јавното претпријатие Куманово паркинг сметаат дека со воведување на зоната Б и…

Read More

ЛДП го прослави 20-от роденден

ЛДП го прослави 20-от роденден

Општинската организација на Либералнодемократската партија во Куманово синоќа организираше прослава по повод 20-то роденден.  Со пригодна коктел забава која традиционално се одржува секоја година во просториите на партијата, се одбележа досегашниот успех и борбата за слобода и демократија во државата. На настанот присуствуваше претседателот на ЛДП, Горан Милевски, кој обраќајќи се пред присутните истакна дека партијата успеала 20 години да опстане на политичката сцена. Тој се надева дека наредните години нема да останат во опозиција,…

Read More

До 15-ти мај ќе функционираат локалните самоуправи

Мандатот на градоначалникот и членовите на Советот на општина Куманово трае до 30-ти април годинава, што значи дека денеска се одржа последната законски утврдена седница на ова тело. Но, поради актуелната политичка состојба во државата и немањето услови за распишување на локалните избори во законскиот рок, Министерството за правда, по мислење на Министерството за локална самоуправа одлучи постојните градоначалници и советници на општините можат да ги извршуваат своите со закон утврдени надлежности до завршување на…

Read More
1 831 832 833 834 835 936