Одбележан празникот „Свети Сава“ во „Светозар Марковиќ“

Основното училиште „Светозар Марковиќ“ во Старо Нагоричане денеска го одбележа националниот празник на Србите во Македонија ,  а воедно и училишната слава, Свети Сава.  Присутните имаа можност преку културно уметничка програма подготвена од учениците и наставниците да слушнат и да се потсетат на ликот и делото на Свети Сава. На денешната свеченост во училиштето присуствуваше и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.
-И претходните денови имавме активности, Светосавски турнир во шах организиравме трета година по ред,…

Read More

Поради снегот нередовно се изнесува сметот на „Ѓуро Ѓаковиќ“

Жителите на улицата Ѓуро Ѓаковиќ која се наоѓа во близина на Градскиот пазар, се жалат дека кантите нередовно се празнат, па тие секојдневно се сведоци на грда слика. Велат дека камионот на јавното претпријатие Чистота и Зеленило кој треба да поминува два дена во текот на неделата, не се појавил дури три седмици. Тие тврдат дека редовно ги надмируваат давачките, за да на крај сметот го разнесуваат кучиња скитници.
-Ги викавме пред три недели едвај дојдоа,…

Read More

СЗМ организира Светосавска академија

Оваа година се навршуваат десет години откако Србите како етничка заедница во Македонија одбележуваат  свој национален празник на 27 јануари. Традиционално по повод празникот „Свети Сава“ во Куманово во  организација на регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија се одржува Светосавска академија. Сите кои што сакаат да присуствуваат на академијата и да ја проследат богатата културно –уметничка програма тоа можат да го сторат утревечер во народниот театар со почеток во 19 часот, информираат организаторите.
– Во…

Read More

Месецов поради снегот не се плаќа за паркинг простор

Директорот на јавното претпријатие Куманово-паркинг, Фадиљ Шабани посочи дека поради лошите временски услови овој месец не функционира пајак службата. Тој додаде дека граѓаните немаат обврска за плаќање за изнајмување паркинг простор. Претпријатието би требало да започне да функционира нормално во текот на наредната недела.
-ЈП Куманово паркинг тековно продолжува со работа, и самите сте сведоци дека овој месец е пеколен, вонредни околности не само во Куманово туку во целата држава и регионот, ние продолжуваме со работа…

Read More

ВМРО-ДПМНЕ праша дали функционира ЈП „Паркинг“

Снег го покри просторот кој е определен за паркинг во градот. Местото со  дебел слој на мраз, воопшто не им служи на граѓаните и не ја исполнува својата намена, обвинија денеска од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од таму прашаа дали оваа зима функционира претпријатието Куманово паркинг, како и дали е потребно граѓаните да плаќаат за  оваа услуга.
-Дали ЈП Паркинг наплаќа паркинг и дали ги санкционира оние кои не плаќаат. Очигледно распустот не завршил за ова…

Read More

Продолжува реконструкцијата на домот за стари лица

Околу 4 милиони денари ќе бидат инвестирани во реконструкција на домот за стари лица „Зафир Сајто“ годинава, а што ќе биде обновено допрва ќе одлучат надлежните. Ова ќе биде продолжение на проектот за реконструкција  на домот што беше започнат  минатата година, која што директорот ја оценува како успешна врз основа на реализираната годишна програма.
– Имавме одредени инвестиции што сметам дека секоја установа треба да одвои одреден процент на буџет за одржување на објектот, што ние…

Read More

Запалени оџаци во два поединечни случаи

Кумановските пожарникари бележат две интервенции на запалени оцаци во текот на изминатите 24 часа, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била  завчера кога половина час пред полноќ било пријавено дека се запалил оџак на семеен дом лоциран на улицата 316 во населбата Ајдучка Чешма. На терен веднаш излегле пожарникари со едно противпожарно возило и по еден час успеале да излезат на крај со пламените јазици.
Втората интервенција исто така била на запален оцак…

Read More

Проодни патиштата во кумановските општини

Расчистени се сите главни  и споредни  улици и булевари како и локални приодни патишта во населбите , а тешката механизација  повторно ги чисти патните правци кон селата кои гравитираат околу Куманово, информира Центарот за управување со кризи врз основа на информации добиени од општина Куманово.
Од општина Липково соопштуваат дека локалните патни правци во општината  се чистат и делумно се расчистени, а се очекува во секој момент да се упати градежна механизација кон планинските села :…

Read More

До 25 јануари – збирна пресметка за исплатени приходи

Најдоцна до 25 овој месец фирмите имаат обврска на работниците да им издадат збирна пресметка за исплатени приходи, платен персонален данок и придонеси за минатата година, информира Управата за јавни приходи..
Издавањето на збирната пресметка е законска обврска врз основа на која граѓанинот ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.
Управата за јавни приходи  соопштува  дека доколку компаниите до 25 јануари не ги издадат овие збирни пресметки за вработените предвидена е…

Read More

Aктерите ја очекуваат обновата на театорот

Кумановскиот театар го зазема централното место на драмските случувања во градот. Од 1961 година, до денес, тој се наоѓа на истото место, во центарот на Куманово, а историјата покажува дека без разлика на кое место и да се наоѓал како објект, Театарот  секогаш располагал со квалитетен актерски ансамбл и звучни режисерски имиња.
Така е и денеска. Но, и покрај тоа што последниве години не беше инвестирано во театарот  вработените  ги извршуваа своите работни обврски најдобро што…

Read More
1 832 833 834 835 836 921