ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

ВИДЕО: Три медали за кумановски БЏЏ „Предатор“ од Софија

Со еден златен и два бронзени медали се вратија натпреварувачите на кумановскиот клуб бразилска џиу-џица Предатор, од меѓународно натпреварување, кое се одржа во Софија. Иван Димитриевски во борбите со и без кимоно под 68 килограми, освои два медали, еден златен и еден бронзен. За телевизија Плус раскажа дека е задоволен од резултатите, иако конкуренцијата била голема. Од меѓународното натпреварување со бронзен медал се врати Звездан Илиќ во категоријата под 92 килограми. Свој настап имаше и…

Види повеќе

Паскал останува најдобар голман и во третото коло во Израел

Паскал останува најдобар голман  и во третото коло во Израел

И во третото коло од првата израелска лига, Бисера Паскал од Куманово, според статистиката е најдобар голман. Паскал сезонава игра за клубот Херзлиуа. Според бројот на одбрани, ефикасноста и минутажата на терен, го повтори успехот од првото коло. Тимот на Паскал во неизвесниот натпревар загуби со еден разлика(29:30) од Хапоел Ришон. Двете екипи се фаворити за освојување на титулата.

Види повеќе

Терел Ален- нов кошаркар на КК Куманово

Терел Ален- нов кошаркар на КК Куманово

Терел Ален е нов кошаркар во КК Куманово. Од клубот информираат дека американецот, кој игра на позицијата бек, е висок 190 санитиметри. Неговиот последен официјален настап бил во мај лани, за тимот на Фајнал Спор Бурса, во рамките на втората турска лига. Во просек имал 14.6 поени, 4.8 асистенции и 3.3 скокови. Под знак прашалник е неговиот настап за викенд против екипата на МЗТ Скопје, но останува да видиме какви се способностите на нашите челници…

Види повеќе

Турнир во мал фудбал помеѓу институции за „Денот на градот”

Турнир во мал фудбал помеѓу институции за „Денот на градот”

Се оддржа традиционалниот турнир во мал фудбал помеѓу институции „Денот на градот” , по повод 11-ти Ноември. На турнирот настапија екипи од Општина Куманово, СВР Куманово, Општински сојуз на Училишен спорт на Куманово и ЈП Водовод – Куманово. Целта на турнирот е подигање на спортскиот дух и подобрување на соработката помеѓу институциите во Општина Куманово.  

Види повеќе

Оливера Наковска Бикова, предводена од кумановецот Бранимир Јовановски, усвои нов златен медал на Светско првенство

Оливера Наковска Бикова, предводена од кумановецот Бранимир Јовановски, усвои нов златен медал на Светско првенство

Оливера Наковска Бикова, предводена од нејзиниот тренер, кумановецот Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски, го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината П4-Пиштол слободен избор. Во квалификациите Оливера испука одличен резултат од 538 (најдобар во нејзината кариера) со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале, иако почетокот на мечот не го наговестуваше тоа. По неколку правовремени совети од тренерот, а пред…

Види повеќе

Три бронзени медали за KБК „Куманово 2006“

Три бронзени медали за KБК „Куманово 2006“

Со три бронзени медали се враќаат кик-боксерите на КБК „Куманово 2006“ од Меѓународниот турнир што викендов се одржа во Тешаљ, Босна и Херцеговина. Лука Велковски во полуфиналето се сретна со Сандро Николиќ од Хрватска. Марко Бошковски во полуфиналето загуби на поени од Ахмед Синадовиќ од Босна и Херцеговина. Лука Велковски стандардно учествува и освојува медали и претендира за големи достигнувања. Настап имаше и Јосиф Илиевски во мадинска конкуренција. – Севкупно сум задоволен од прикажаните борби…

Види повеќе

Младите од ВМРО-ДПМНЕ со турнир по повод 23-ти Октомври

Младите од ВМРО-ДПМНЕ со турнир по повод 23-ти Октомври

По повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, организираше турнир во футсал, кој претставува и возобновување на традиционалниот турнир. Младите од ВМРО-ДПМНЕ нагласувааат дека во наредните години ќе работат на омасовување на овој настан. По одиграните меѓусебни дуели првото место на турнирот го освои екипата на УМС. -Честит празник, за многу години-велат од партијата.

Види повеќе

Кумановските кик-боксери на меѓународен турнир во БиХ

Кумановските кик-боксери на меѓународен турнир во БиХ

Повеќе кик-боксери од Куманово од клубовите „Куманово 2006“ и „Предатор“ денеска и утре ќе учествуваат на меѓународен турнир во Босна и Херцеговина. Босанскиот град Тешањ ќе биде домаќин на турнирот „Balkan open“ според календарот на светската WAKO организација. Од кик-бокс клубот Куманово 2006 ќе учествуваат Лука Велковски, Марко Бошковски и Јосиф Илиевски кои заедно со тренерот Сашо Илиевски ќе одат да освојат медали и добри резултати по напорните тренинзи кои ги одржуваат во салата на…

Види повеќе

Убедлива победа на ЖРК Куманово над Пелистер

Убедлива победа на ЖРК Куманово над Пелистер

Ракометарките на Куманово впишаа убедлива победа против составот на Пелистер откако вчера на домашен терен имаа резултат од 41:25. Уште во првото полувреме беше видлива решеноста на избраничките на Драгана Ристова да го добијат натпеварот, а тоа го покажа и резултатот од 20:14. Во второто полувреме кумановки влегоа порелаксирани и создадоа уште поголема разлика над противникот за конечна победа со 16 голови разлика. Неприкосновена игра за Куманово прикажа Бразилката Алмеида Коста Андреза која забележа 15…

Види повеќе

Кошаркарите утре против Кожув

Кошаркарите утре против Кожув

Кошаркарите на Куманово утре го пречекуваат составот на Кожув во рамките на третото коло од домашниот шампионат. Избраниците на тренерот Владимир Мирковски утре ќе ја бркаат својата прва победа сезонава, откако досега тоа не им тргна од рака против екипите на Чаир и Еуро Никел. Кожув досега има една победа и еден пораз. Натпреварот се игра во спортската сала на  „Перо Наков“ со почеток во 19 часот.

Види повеќе
1 3 4 5 6 7 37