Жител на Отља пријавил дека му се запалило возилото

Жител на Отља пријавил дека му се запалило возилото

Жител на село Отља, Општина Липково вчера во СВР Куманово пријавил дека настанал пожар во неговото патничко моторно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема, информира полицијата.
Екипа од СВР Куманово  извршила  увид на место на настанот.

Read More

Како да се спречи поголемо крвопролевање меѓу Русија и Украина

Како да се спречи поголемо крвопролевање меѓу Русија и Украина

Тимурленк Чековиќ

Најповолно решение во овој миг е Зеленски и Путин да седнат на директни преговори и да ги споделат „црвените линии“. Во спротивно, можниот воен судир од поголем обем ќе го дестабилизира поширокиот дел на регионот и Европа и ќе има разорни последици по глобалниот мир и безбедност.
 
Руско-украинската хибридна војна започна во февруари 2014 година, и од почеток вклучуваше недржавни актери. Со самопрогласувањето на Доњeцк за народна Република и Анексијата на Крим, на некој начин се озваничи таа…

Read More

23-годишна кумановка прободе сопруг заради нивното дете

23-годишна кумановка прободе сопруг заради нивното дете

23-годишна кумановка од селото Табановце го прободела сопругот, откако тој се обидел да го повреди нивното дете, соопшти денеска СВР Куманово.
– Вчера во 22:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Табановце, кумановско, Ј.А.(23) од село Табановце, при семејна расправија, со остар предмет нанела убодна рана на нејзиниот сопруг Љ.А.(25) од Куманово, кој, според пријавеното, се обидел да го повреди нивното дете, соопшти полицијата.
Тој бил пренесен во Општа болница Куманово каде му биле…

Read More

ВИДЕО: Промовиран документарен филм за Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски

ВИДЕО: Промовиран документарен филм за Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски

Во Занаетчискиот дом вчеравечер беше промовиран документарниот филм за кумановската ракометна легенда Чедомир Јордановски – Черчил од авторот Марјан Стошевски.
„26-минутниот видео материјал ќе остане како траен белег за успешната кариера на Черчил, кој останал лојален на Куманово цели 35 години“, вели Стошевски.
-Пред околу 4 месеци кога бевме во неговиот дом заедно со градоначалникот, веднаш ми дојде идеја да направиме еден документарен филм  бидејќи овој човек тоа го заслужува. 35 години беше лојален на Куманово, не…

Read More

Приведен тетовец на ГП Табановце

Приведен тетовец на ГП Табановце

На 15.12.2021 во 04,00 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека на А.Б.(48) од Тетово евидирал на стоп-листа по телеграма од Секторот за меѓународна полициска соработка за сторено кривично дело по член 279В од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, соопшти МВР.

Read More

МЗ: Вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани

МЗ: Вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани

Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.
Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48%, а 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани.
22% од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50%.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во…

Read More

Владата ќе набави 500.000 дози Фајзер, меѓу нив и за деца

Владата ќе набави 500.000 дози Фајзер, меѓу нив и за деца

Владата ја усвои информацијата за набавка на вакцини против КОВИД–19 за 2022 година, според која е утврдена потребата од набавка на 500.000 дози на вакцини од производителот Фајзер, во кои треба ќе бидат вклучени и педијатриските дози во количина од 1% од вкупниот број деца во земјава на возраст од 5 до 12 години, односно околу 10.000 дози.
Согласно информацијата дозите за возрасните да почнат да се испорачуваат од мај, а педијатриските дози во првото тромесечје…

Read More

(ВИДЕО)Гимназијата – домаќин на Еразмус + проект

(ВИДЕО)Гимназијата – домаќин на Еразмус + проект

Гимназијата „Гоце Делчев“ е домаќин на третата мобилност од Еразмус +проектот „ Активни граѓани во Европа“ во кој се вклучени наставници и ученици од Македонија, Италија, Данска, Романија и Турција. Тема на третата средба од проектот е „Безбедност и заштита на интренет“, информира координаторот Јасмина Денковска од гимназијата „Гоце Делчев“.
-Сега моментално се присутни колегите од Данска, Турција и од Романија. Од Италија учениците и наставниците не беа во можност да дојдат поради пандемијата поради тоа…

Read More

Следната година нови возила во четирите претпријатија

Следната година нови возила во четирите претпријатија

Општина Куманово потпиша договори со три компании кои наредната година треба да ги достават дванаесетте возила наменети за четирите јавни претпријатија. Средствата општината ги обезбеди преку дологорочно домашно задолжување, со договор под заем со Министерството за финансии, во рамки на средства обезбедени со проект подобрување на општинските услуги со заем од Светска банка.
-Целата постапка евалуација на проектот беше спроведена од страна на експертите од светска банка. Ги потпишавме договорите, се работи за опрема која што…

Read More

Штипјанец управувал возило со фалсификувана дозвола

Штипјанец управувал возило со фалсификувана дозвола

Утринава во 10.05  часот во село Речица, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода J.И.(50 години) од Штип.
При преглед и извршена сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило  „Фолксваген“ со штипски регистарски ознаки со фалсификувана возачка дозвола, информира полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More
1 369 370 371 372 373 878