Приведена кумановка, полицијата открила дрога

Приведена кумановка, полицијата открила дрога

Триесет и седумгодишна кумановка била приведена откако полицијата дома и пронашла прашкаста материја, информира СВР Куманово.
Имено, при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со кафеава прашкаста материја и едно пакување со бела прашкаста материја.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Кумановка измамена за 800 евра

Кумановка измамена за 800 евра

48-годишна кумановка вчера во СВР Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 810 евра. Според пријавеното, на крајот на април лицето и се јавило и ѝ понудило да ѝ помогне, односно да ѝ обезбеди паричен надомест од државата за временски период колку има работено претходно.
Според пријавата, откако се договориле, во два наврати ги предала парите на лице од Скопје, по што веќе не можела да стапи во контакт со него и…

Read More

Од денеска полицискиот час е од 23 часот

Од денеска полицискиот час е од 23 часот

Владата на синоќешната седница донесе одлука за измени и дополнувања за ограничување на движењето на граѓаните согласно која од денеска, забраната за движење наместо од 21:00 часот, ќе започнува од 23:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наредниот ден.
Согласно овие измени, угостителските објекти ќе бидат отворени до 22:30 часот и тоа само на отворените делови, тераси, како што е утврдено со постојните мерки и наменски протоколи.
Комисијата за заразни болести дополнително предложи, а Владата на…

Read More

Десет лица се движеле во полициски час

Десет лица се движеле во полициски час

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на Министерството за внатрешни работи, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово  122 лица не ја почитувалe, од кои во Куманово 87, во Крива Паланка 8 и  во Кратово 27. За истите ќе следуваат соодветни мерки.
За истиот период  10 лица  не ја почитувале  забраната за движење.

Read More

Кумановец осомничен за разбојничка кражба и напад врз полициски службеници

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторило кривичните дела – Разбојничка кражба по член 238 став 1 и Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 2 во врска со со став 1 од Кривичниот законик.
На 3-ти мај, во маркет лоциран на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, осомничениот, 30 годишник, затекнат при кражба од страна на…

Read More

Шест локации во градот во текот на денот ќе бидат без вода

Шест локации во градот во текот на денот ќе бидат без вода.
„Станува збор за улиците „Kиро Фетак“, „Раде Кончар“, „Тане Георгиев“, „Иво Лола Рибар“, „11-ти Ноември“ и Спомен- Костурница“, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
Екипите на јавното претпријатие „Водовод“ работат на отстранување на дефектите.
 

Read More

Започна уписот на првоодделенците (ВИДЕО)

Започна уписот на првоодделенците (ВИДЕО)

Во основните училишта започна уписот на првачињата, родени во 2015-тата година.
Во „Крсте Мисирков“ во прво одделение следната учебна година можат да се запишат вкупно 150 ученици, информира директорот на училиштето, Александар Јовановиќ.
-Денеска започнуваме и со упис на првоодделенци, родени во 2015-тата година. Има интерес за запишување, секако. Нашето училиште е со капацитет од 150 ученици за запишување во прво одделение и тоа четири паралелки ќе бидат во централното градско училиште на улицата „ Народна револуција“…

Read More

Патронен празник на гимназијата „Гоце Делчев“ (ВИДЕО)

Патронен празник на гимназијата „Гоце Делчев“ (ВИДЕО)

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска одбележува  118 години од загинувањето на македонскиот револуционер, како и 76 години од постоењето на училиштето. Пред бистата на Делчев во дворот на училиштето цвеќе положијa претставници на гимназијата, општината, советот, политичките партии, друштвото на писатели.
Пред присутните се обрати директорката Марија Тодоровска, истакнувајќи дека денеска му оддаваат почит за се што сторил за својот народ, а воедно задоволни се и од реализацијата на онлајн наставата во училиштето.
– Денеска во малку поскромни…

Read More

Градоначалникот Димитриевски положи цвеќе пред спомен плочата на Тито

Градоначалникот Димитриевски положи цвеќе пред спомен плочата на Тито

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска со претставници на општинската администрација, делегација од Советот на општината,  членови на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и други здруженија и граѓани, положија свежо цвеќе пред спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во знак на почит и одбележување на 41 година од неговата смрт.

Read More

Општината вклучена во уредување на пунктовите за вакцинација

Општината вклучена во уредување на пунктовите за вакцинација

Во Куманово од денеска започна масовна вакцинација на населението против COVID-19. Вакцинацијата ќе се реализира во регионалниот вакцинален пункт, кој е сместен во училишната спортска сала на СОУ “Перо Наков”-Куманово (паралелки на албански наставен јазик), кое се наоѓа во поранешна касарна Карпош, населба Бедиње.
Вакцинацијата ќе се одвива согласно Стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Општина Куманово е вклучена во уредување на вакциналните пунктови и обезбедување на потребна помош за непречено одвивање на процесот за…

Read More
1 519 520 521 522 523 878