Претставници од Командата на Бригадата на Југоисточна Европа – SEEBRIG, предводени од командант Билбил Битри деновиве ја посетија детската градинка и потпишаа протокол за примопредавање со директорката на ЈОУДГ „Ангел Шајче”, Ивана Николиќ.Донацијата се состои од четири одвлажнувачи на воздух, детска лизгалка и канцелариски материјал.Во знак на благодарност за хуманиот гест, децата и персоналот од објектот „Развигорче”, со песнички и рецитал ги пречекаа гостите -донатори.
Види повеќеДневник
ВИДЕО: Панел-дискусија од кампањата „Магијата е во знаењето“ во Куманово
Во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето” на Министерството за образование и наука на РСМ, вчера во Занаетчиски дом се одржа панел -дискусија со цел да ја истакне улогата на наставниците во современото образование и нивниот придонес во развојот на учениците и заедницата. Панел-дискусијата беше во организација на Секторот за образование од Општина Куманово.Според државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска образованието мора да се движи напред со духот на…
Види повеќеВИДЕО: Расте бројот на заболените од дијабетес
Над четири илјади граѓани на Куманово примаат инсулинска терапија, од кои 143 се деца со тип 1 дијабетес, истакна денеска д-р Марија Бајдевска Спирковска, одговорна за Центарот за дијабет во болницата, по повод одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември. Според надлежните, загрижува фактот што бројот на заболените од година в година расте, како на локално, така и на државно ниво. Инаку, Светскиот ден на дијабетес (WDD) од 1991 година се одбележува ширум светот…
Види повеќеВИДЕО: КБК „Предатор“ – најтрофеен клуб во Куманово годинава
Успешна година за кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово. 12 златни медали, 15 сребрени и 25 бронзи вкупно освоија членовите на „Предатор“ годинава на повеќе државни, европски и светски првенства. Квалитетот и успехот на кик-боксерите и нивните тренери, Оливер Милорадовски, Јован Крстевски и Оливера Свилар се препознаени и од Општина Куманово. Од последниот интернационален куп одржан во Хрватска, клубот „Предатор“ се врати во Куманово со пет медали.
Види повеќеВИДЕО: Ивана Ѓорѓиевска реизбрана за претседателка на Советот на Општина Куманово
Ивана Ѓорѓиевска од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија повторно е избрана за претседателка на Советот на Општина Куманово. На денешната прва конститутивна седница на Советот, Ѓорѓиевска беше предложена од комисијата за мандатни прашања и именувања со четири гласа „за“ и еден „воздржан“, а избрана со 19 гласови (ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПСМ, ВЛЕН ) од вкупно 31 советник. Советниците од ДУИ ја напуштија седницата пред гласањето за предложениот претседател на Советот, а пак, предлогот на советникот…
Види повеќеВИДЕО: Со две возила се дополни возниот парк на „Чистота и зеленило“
Кај депото на „Чистота и зеленило“ спроти автобуската станица денеска беше извршено примопредавање на две возила за потребите на комуналното претпријате од страна на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, во рамките на проектот „Подобрување на инфраструктурата на Бислимска клисура“. Носител на проектните активности е ЦРСПР, а се дел од Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година на Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа на РСМ.Проектот ќе се реализира во…
Види повеќеВИДЕО: Јавна дебата за претстојниот повик за организирање на културни манифестации
Секторот за култура и спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово денеска организираше работен состанок по повод претстојниот Јавен повик за прибирање предлог – проекти за организирање на културни манифестации во Општина Куманово за 2026 година. На средбата беа поканети јавни установи, здруженија, фондации и други правни лица, кои имаат цели, задачи или регистрирана дејност од областа на културата или социјално – хуманитарна дејност на територија на Општина Куманово.
Види повеќеУтре ќе се одржи конститутивната седница на Советот на општината
Во кружната сала на поранешен комитет утре ќе се одржи конститутивната седница на Советот на Општина Куманово. Првата седница, пред да се избере претседател на Советот од мнозинството, ќе ја води највозрасниот член од новоизбраните советници. На седницата ќе бидат верификувани мандати на новите членови на Советот, по што ќе дадат свечена изјава за нивната работа. Новиот состав ќе брои 31 советник, од кои седум се од Движењето ЗНАМ, шест од ВМРО-ДПМНЕ, пет на коалицијата…
Види повеќеВИДЕО: Тим од СОУ „Перо Наков“ во топ 50 на натпреварот „Средношколец милионер“
Ивона Липковска, Маја Стојмановска, Сара Младеновска, Ивана Ангеловска, Ања Тасковска и Миа Лазаревска се ученички во средното училиште „Перо Наков“ кои што изработија апликација која нуди безбедна заедница за поддршка меѓу врсници, како и пристап до едукативни видеа и совети од професионални психолози. Со апликацијата MindMap тимот од „Перо Наков“ е дел од најдобрите 50 тимови од земјава кои учествуваат на натпреварот „Средношколец милионер“, еден од најголемите натпреври во Македонија за млади иноватори со награден…
Види повеќеВИДЕО: Сашо Арсениевски- нов претседател на здружението „Порака наша“
Сашо Арсениевски неодамна е избран за нов претседател на здружението „Порака наша“, кое од 2023 година е лиценциран давател на услуги и функционира под надлежност на Министерството за социјална политика. „Заживување на концептот – живеење со поддршка, ќе биде фокусот на ова здружение во иднина“, истакна Арсениевски.
Види повеќе









