Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчеравечер од Куманово започна со серијата трибини на кои ќе ја презентира програмата пред граѓаните. Лидерот Зоран Заев од салата во центарот за култура испрати пораката дека народот е подготвен за промени за подобра Македонија. Заев потенцираше дека СДСМ е подготвен за избори на 05 јуни, но за да се одржат регуларни, фер и демократски избори треба да се прочисти избирачкиот список и да се работи на регулација на на медиумите.
Пред…
Вести
Министерството за труд му помага на семејството Маличевиќ
Откако самохраниот татко, кумановецот Роберт Маличевиќ јавно ја раскажа својата тажна животна приказна и искушението да ги даде ќерките и синовите во Дом за деца без родители за да ги спаси од глад и студ, голем број граѓани и хуманитарни организации му помогнаа на ова седумчлено семејство. Во врска со овој случај , денеска се огласи и министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. Таа посочи дека кумановскиот центар за социјални работи ги презема…
Read MoreСоопштение на српската амбасада
Амбасадата на Република Србија испрати соопштение до српските партии, здруженија и заедници во Република Македонија во кое што ги потсетува државјаните на Република Србија кои што живеат во Република Македонија дека најдоцна до втори април 2016та година можат да поднесат „Барање за упис во избирачкиот список дека гласачот ќе гласа од странство“ до амбасадата во Скопје поради гласање на изборите за народни пратеници на Народното собрание на Република Србија кои ќе се одржат на 24…
Read MoreУтре ќе се одржи 50-та седница на Советот
Во кружната сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, Комитет утре ќе се одржи 50-тата седница на Советот на Општина Куманово. Вкупно за разгледување има 16 точки.
На дневен ред ќе се најдат извештаите за работа на јавните претпријатија Водовод, Чистота и Зеленило, Куманово-гас, јавната установа библиотека Тане Георгиевски и друго.
Советниците ќе расправаат и за предлог програмата за енергетска ефикасност на Општина Куманово, 2016-2018, како и акциониот план за оваа година, предлог одлуката за утврдување на…
Учениците од „Кочо Рацин“ ги донираа играчките
Учениците од основното училиште „Кочо Рацин“, денеска заедно со наставниците посетија десетина социјално ранливи семејства, на кои им ги подарија играчките коишто ги собраа на вчерашната хуманитарна акција, која се одржа под мотото „Даруваме радост“. Тие го посетија и домот на Сузана Величковска, која во моментов има згрижено четири деца.
-Ова е една голема чест за мене, децата што се згрижени во моето семјество. Тие се многу среќни, радосни, бидејќи добија многу играчки, а тие…
Обавештење српске амбасаде у Македонији
СРПСКИМ ПАРТИЈАМА, УДРУЖЕЊИМА И ЗАЈЕДНИЦАМА У РЕПУБЛИЦИ МАКЕДОНИЈИ
Поштовани,
Подсећамо да држављани Републике Србије који живе или бораве у Републици Македонији могу, најкасније до 2. априла 2016. године, да преко Амбасаде Републике Србије у Скопљу поднесу Захтев за упис у бирачки списак података да ће бирач гласати у иностранству ради гласања на изборима за народне посланике Народне Скупштине Републике Србије који ће се одржати 24. априла 2016. године.
Такође, подсећамо и да претходни бирачки спискови за гласање у…
ОУ „Кочо Рацин“ со акција „Даруваме радост“
Основното училиште „Кочо Рацин“ денеска организираше хуманитарна акција, под мотото „Даруваме радост“. Учениците од прво до деветто одделение даруваа свои играчки, кои утре ќе им бидат доделени на десет социјално ранливи семејства.
-Досега имаме организирано многу хуманитарни акции меѓутоа годинава за прв пат под проект којшто го реализираме во март, а планираме да продолжиме и наредната година, иста акција но не со играчки, туку со собирање на книги и сликовници. Има огромен интерес и навистина сме…
СДСМ од Куманово започнува со нови трибини
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од денеска од Куманово ќе започне со серијата трибини на кои со граѓаните ќе разговараат за нови идеи и промени, коишто и се потребни на државата. Претседателот на Комисијата за економија при СДСМ, Драган Тевдовски, истакна дека преку проектот Визијата за Македонија во 2015-та ги слушнале ставовите на граѓаните, а оваа година планираат тоа да биде уште попосветено.
-На Македонија и се потребни промени кои ќе обезбедат подобар живот за граѓаните. Промени кои ќе…
Во тек е пријавувањето за „Маскенбал“
До 31 март годинава трае пријавувањето за учество на деца и младинци на традиционалната манифестација „Маскенбал “ . Конкурсот е објавен од центарот за култура„ Трајко Прокопиев“.
-Заинтересираните можат да се пријавуваат секој работен ден до 14 часот, изјави Сашо Костовски, в.д.директор на центар за култура „Трајко Прокопиев“
Манифестацијата ќе се одржи на 1.април со почеток во 19 часот.
Годинешнава манифестација ќе ја водат актерите од Tеатар, Куманово , Марко Трајковиќ и Александра Михајловска. На манифестацијата стручно жири…
Учениците во Студена бара два дена не одат на училиште
Втор ден не одат на училиште основците во кумановското село Студена бара. Незадоволни од условите во кои што децата ја следат наставата, родителите и денеска не ги пуштија на училиште. 10 ученици од 1 до 5 одделение следат комбинирана настава во две училници. Подрачното училиште на централното „Браќа Миладиновци“ е изградено во 60-тите години и оттогаш, тврдат родителите ниту денар не е потрошен за негова реконструкција. Покривот прокиснува, преку старите врата и прозорци влегува студен…
Read More