Во просториите на општинскиот Црвен крст е отворено советувалиште, наменето за жителите на населбата Тоде Мендол, кои претрпеа стресови при неодамнешната вооружена акција. Децата до 15 години, но и семејства ќе имаат можност два пати неделно да добијат психолошка помош од стручни лица. Со овие лица ќе работат психолози од Гешталт институтот од Скопје.
-Ќе работиме два пати неделно, преку месната заедница ќе можат или директно кај нас да се пријават во вторник од 17 до…
Вести
Промовирана збирката „Тајнопис“ на Сара Ѓорѓијоска
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа се одржа промоција на збирката „Тајнопис“, на 16-годишната Сара Ѓорѓијоска. Збирката содржи 58 песни, во кои што се пренесени емоции, чувства и љубов на младата авторка. Ѓорѓијоска само три години интензивно твори, а тврди дека поезијата ја сака откако научила да чита.
-Чувството е прекрасно, знаејќи дека имаш дело на кое можеш да се навратиш во кое било време и дека луѓето го ценат-изјави авторката.
Според промоторката на книгата, Тања…
Неименувани улиците во „Гладно поле“
Стотици жители на урбаната единица Гладно Поле, во населбата Перо Чичо, се уште немаат добиено имиња на улици и покрај тоа што согласно законот постои обврска задолжително да се утврди име на секоја улица, плоштад, мост и други објекти. Тие велат дека иако имаат урбанистички планови и ја завршиле постапката за легализација, општината се уште не донела одлука за определување на имиња на улиците. Раскажуваат дека поради неименуваните улици не можат да извадат документи, а…
Read MoreГрадоначалникот ги посети мигрантите
Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски денеска ги посети мигрантите кои што се сместени во градската џамија. Тој истакна дека во овој момент е најважно сите хумани граѓани да им пружат помош на овие лица.
-Дојдов како граѓанин, јас како градоначалник немам никакви ингеренции во оваа хуманитарна катастрофа. Во контакт сум со Министерството за внатрешни работи и Министерство за здравство за преземање на адекватни дејства-изјави тој.
Дамјановски се надева дека што поскоро ќе се донесе законот за мигранти, при…
Проектот за Чоробенско ќоше „на пауза“
Се уште не се знае кога ќе започне да се гради административно-деловниот објект на Чоробенско ќоше. Изведбениот проект веќе подолго време е изготвен со сите планирани фази, тврдат надлежните, но за да се отпочне со реализација општината прво треба да го реши прашањето околу сопственичкото право на дел од земјиштето па дури потоа да добие согласност од Комисијата за експанзија на градби.
-Имаме околу 300 метри квадратни површина која не е сопственост на РМ. За да…
Показна вежба за укажување прва помош при сообраќајна незгода
Црвениот крст во соработка со СВР Куманово организираше показна вежба на која се симулираше повреда при сообраќајна незгода. Целта е подигнување на граѓанската свесност за помош при сообраќајна несреќа. Случајни минувачи и возачи со поддршка на волонтерите од Црвениот крст во присуство на полициските службеници им укажуваа прва помош на повредените.
-Општинска организација на црвен крст и СВР Куманово организираат показна вежба за прва помош дали возачите на град Куманово знаат да пружат прва помош на…
Се спроведе и вториот испит од државната матура
Вториот испит од државната матура, странски јазик денес се полагаше во сите средни училишта во Куманово. Освен англиски матурантите полагаа руски, француски и германски јазик. Тестирањето започна во 10 часот. Во процесот на реализација на државната матура беа ангажирани наставници во улога на тестатори и набљудувачи претставници од институции надлежни за образованието во земјава. Испитниот материјал беше доставен во училиштата изутрина пред почетокот на тестирањето и се враќа во Државниот испитен центар по завршување на…
Read MoreЧетврта жртва од страотната сообраќајна несреќа кај Бедињски мост
Почина и четвртото момче Зијадин И. од селото Опае кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Куманово-Табановце на 9 јуни кога автомобилот БМВ слета од надвозникот на автопатот, а на него налета цистерна. Седумнаесет годишниот Зијадин тогаш беше тешко повреден и пресен во болницата во Скопје. Во несреќата неговите врсници и сопатници од патничкото моторно возило Ваљон М. и Егзон Ш. од Куманово починаа на лице место, а осумнаесет годишниот…
Read MoreПрекопи на кумановските улици
Раскопани места поради работа на пат може да се забележат на повеќе улици во градот. При работа на терен за замена на цевки, електрични кабли или гасоводна мрежа честопати патот се пресекува со цел санирање на различни проблеми. Откако ќе се санира штетата на одредена локација раскопот останува уште долго да стои без поправка и враќање во првобитна состојба. Движењето во градот е отежнато поради огромните дупки кои претставуват опасност за возачите и пешаците. Колите…
Read MoreМерката откуп на стаж- неповолна за кумановските стечајци
Можноста за докуп на стаж нема да го реши долгогодишниот проблем на работниците од пропаднатите фирми, велат од Здружението на стечајци, Унит од Куманово. Кумановските стечајци се обесправени, објаснуваат од Унит бидејќи треба да плаќаат 2 800 денари месечно за придонеси за пензиско и инвалидско осигурување, а годините кои ги поминале работејќи не влегувааат во работниот стаж. Тие велат дека тапкаат во место и немааат средства за докуп на стаж, а од друга страна пак,…
Read More