Самохран татко принуден да ги даде децата во Дом

Очаен татко е принуден  да ги даде ќерките и синовите во Дом за деца без родители за да ги спаси од глад и студ. 41 годишниот кумановец Роберт Маличевиќ е самохран родител со шест  деца, од 8 годишна возраст до 18 години. Никогаш не помислувал дека ќе дојде време да се откаже од своите чеда кои последниве 8 месеци ги чува сам , во туѓа куќа, без ничија помош.  Социјалното во износ од 3200 денари…

Read More

Саша Николиќ – генерален секретар на ДПСM

Советникот Саша Николиќ  е новиот генерален секретар на Демократска партија на србите во Македонија. Ова големо признание за неговиот досегашен ангажман и придонес за развојот и подобрувањето на партијата,  партиското раководство му го оддаде на 24-от роденден на ДПСМ, прославен во Скопје.
– Овој последен случај е како круна на мојот досегашен ангажман  во партијата бидејќи воден од мојата филозофија како треба да да се работи во партијата, оној момент кога станав член на ДПСМ како…

Read More

Во ОУ „Христијан Карпош“ одбележан Денот на пролетта

Во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ денеска беше одбележан Денот на пролетта и екологијата, 21-ви март. Дел од учениците рецитираа творби за здрава животна средина, додека други ги чистеа просториите. Наставниците истакнаа дека учениците со задоволство учествуваат во акциите за разубавување на училиштето.  Додадоа дека заедно веќе изработиле и еко катче.
-Во рамки на проектот Интеграција за еколошка едукација во македонскиот образовен систем нашето училиште во октомври минатата година конкурираше за знаме, и стана дел од…

Read More

Прогласени најдобрите спортисти

Општинскиот Сојуз на спортови Куманово денеска додели награди и признанија за најуспешните спортисти и спортски работници за минатата година. За најдобри спортисти се прогласени Атлетичарката Матеја Ефремовска и велосипедистот Стефан Петровски. Ефремовска во 2015-та стана државен првак во фрлање на диск и ѓуле, а учествуваше и на бројни државни и меѓународни натпревари, кадешто освои неколку први места.
-Прекрасно е чувството кога од сиот напор целата година, којштом е вложен се гледаат резултатите. Веќе бев и на…

Read More

ЛДП одржа програмска конвенција во Скопје

Либерално демократската партија минатата сабота, во пресред на вонредните парламентарни избори, одржа програмска конвенција на која ја презентираше својата програма. На конвенцијата којашто се одржа во објектот на Македонската опера и балет, присуствуваа симпатизери, членови и делегати на партијата од Куманово. Пред присутните се обратија Даниел Кадик, директор на германската фондација Фридрих Науман за југоисточна Европа, Ханс ван Баален, европратеник и претседател на Европската алијанса на либерали и демократи, генералниот секретар на Либералната интернационала, Емил…

Read More

Ременски во посета на транзитниот центар Табановце

Дваесетина мигранти од транзитниот центар Табановце доброволно се префрлени во кампот „Вино –Југ “ . Со ова започнува да се намалува бројката на бегалците на Табановце бидејќи капацитетот  одамна беше исполнет. Иако никој  од надлежните не потврдува , сепак причината поради која најверојатно одлучиле да се вратат во Гевгелија е стравот од ширењето на заразни болести во транзитниот центар бидејќи веќе се регистрирани шест случаи на заболени мигранти од шуга.  Во меѓувреме, мигрантите кои што…

Read More

СДСМ организираше крводарителска акција

По повод 17-ти март, Денот на крводарителите, општинската организација на СДСМ Куманово организираше крводарителска акција на која учествуваа членови, симпатизери на партијата и бројни граѓани.
-Досега одзивот е добар имаме доволно пријавени луѓе кои сакаат да даруваат крв и се надеваме дека акцијата ќе биде успешна. Годишно организираме од 2 до 3 крводарителски акции, доколку има потреба организираме и повеќе. Одзивот секогаш е добар граѓаните се тука за да помогнат и да ја даруваат својата крст…

Read More

Вечер на руска поезија во Центарот за култура

Во Центарот за култура Трајко Прокопиев синоќа се одржа вечер на руска поезија и музика, насловена Шепотот на руските поети. Манифестацијата е посветена на руската поезија, пред се на творештвото на Сергеј Есенин и Александар Сергеевиќ Пушкин. Средношколците но и останатите љубители на поезијата, имаа можност да слушнат стихови испишани во името на татковината и љубовта.
-Сега децата се одалечуваат од поензијата, поинтересно е да се седи во кафулињата и да се слуша оној тип на музика…

Read More

Отворен центар за ран детски развој

Од денеска родителите на децата од населбата „Иго Тричковиќ“, имаат можност по три часа да ги оставаат во Центарот за ран детски развој Сонце, кој се наоѓа во подрачното училиште Христијан Тодоровски Карпош. Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски денеска го посети центарот, кој е отворен со поддршка на УНИЦЕФ и локалната самоуправа, а е 18-ти по ред на ниво на државата. Таа истакна дека инклузијата на децата во предучилишните установи е од…

Read More

Инвестиции од милион евра за Крива Паланка

Над еден милион евра инвестира Владата на РМ во изградба на неколку локални патни правци и канализациона мрежа со пречистителни станици во селото Мождивњак во Крива Паланка. Претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев во придружба на градоначалникот Арсенчо Алексовски , денеска го означи стартот на градежните активности за изградба  на патот  во селото Жидилово во должина од еден километар и алтернативниот пат или т.н. руски пат  од Варовиште до манастирот Свети Јоаким…

Read More
1 761 762 763 764 765 802